23 Април, 2024
0.0290

Зошто нафтената индустрија не очекува многу од новиот генерален секретар на ОПЕК?

Објавено во: Анализа, Економија 02 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Моќниот нафтен картел ОПЕК (Организацијата на земјите извознички на нафта) има нов генерален секретар - Мохаммед Сануси Баркиндо. Аналитичарите се сомневаат дека тој ќе има некакво влијание како врз краткорочната иднина на 14-члената група, така и врз нафтените пазари како целина, коментираат аналитичари од CNBC.

Баркиндо, нигериски ветеран од нафтената индустрија, ја презеде функцијата од Абдалла Салем ел-Бадри во понеделникот, искоренувајќи го долгиот спор меѓу членовите на групата кој да биде следниот генерален секретар.

Либиец ел-Бадри беше на функцијата во текот на девет години и неговиот мандат требаше да заврши во 2012 година . Тој, сепак, беше продолжен поради спор меѓу Саудиска Арабија, Иран и Ирак за можниот наследник. Нигерија го предложи Баркиндо претходно оваа година и групата конечно го направи својот избор на средбата во јуни.

Баркиндо, опишуван од аналитичарите како човек со релативно низок профил во нафтениот свет, беше сметан за „неутрален“ избор за групата, особено додека односите меѓу Саудиска Арабија и Иран остануваат тешки како во рамките на групата, така и надвор од неа.

Баркиндо кој ја презема функцијата за три години, бил шеф на нигериската државна компанија „National Petroleum Corporation“ (NNPC) и за кратко беше вршител на должноста генерален секретар на ОПЕК во 2006 година.

Тој, сепак доаѓа на позицијата во тешки времиња за нафтените пазари. Глобалните цени на нафтата се уште се околу 40 долари за барел поради исклучително слабиот ребаланс на пазарите во резултат на падот и неможноста на побарувачката да се задржи темпото.

Како последица на падот на пазарите ОПЕК ја прифати стратегијата да го одржува родот висок, за да ги извади од пазарот производителите со високи трошоци, најмногу фракинг компаниите во САД. Ова сепак се одрази лошо и на некои од земјите во организацијата, намалувајќи ги силно приходите на познатите како „кревките пет“: Венецуела, Нигерија, Алжир, Ирак и Либија.

„Изборот на Баркиндо е позитивен чекор за ОПЕК. Тој не е од главните конкуренти во групата. Не треба сепак да се прецени улогата што ќе ја одигра од гледна точка на политиката“, рече за CNBC Ричард Малинсон, кој раководи со анализата на меѓународните работи и енергетската политика во „Energy Aspects“.

„Изборот нема да доведе до посебна разлика, бидејќи политиката на ОПЕК сеуште ќе се сведува на тоа дали поединечните членови можат да договорат заедничка позиција“, додаде тој.

Малинсон сепак сепак е оптимист дека назначувањето на Баркиндо може да доведе до период на подобри односи откако резервите на нафтените пазари се намалија и се постигна рамнотежа (сеуште се очекува повисока побарувачка од Индија и континуиран пад на понудата на нафта од ОПЕК).

„Навистина мислам дека може да има уште потенцијал за соработка штом периодот на ниски цени на нафтата и ребаланс заврши“, додава тој.

Повеќето аналитичари се согласуваат дека Саудиска Арабија и Иран ќе продолжат да ги влечат конците во ОПЕК.

Малинсон забележува дека„Саудиска Арабија и Иран се доминантните членови на групата и ако тие не се согласуваат со реформа на политиката, тогаш ништо нема да се промени. Секретаријатот може да и помогне дипломатијата и преговорите во рамките на ОПЕК, но не може да ја утврди политика со која ќе се согласат членовите“.

Мисуин Махеш, аналитичар за нафтените пазари во „Barclays Capital“, вели дека новата улога на Баркиндо е во голема мера административна - како портпарол и дека е малку веројатно тој да успее да излечи длабоко вкоренети разлики меѓу членовите.

„Постот е прилично репрезентативен“, вели Махеш за CNBC. „Тој може да ги собере административните делови на телото, но неговата власт кон извршната политика е многу ограничена и за жал политичките разлики (на пример меѓу Саудиска Арабија и Иран) ќе земат врв дури и ако има добри вештини на лидер“.