19 Април, 2024
0.0362

Зошто најголемиот охридски хотелиер работи еден чекор напред па два чекори назад?

Објавено во: Економија 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Трите охридски хотели од компанијата „Метропол“ лани за 4 месеци оствариле 70 отсто од сите ноќевања, а во другите 8 месеци само 30 отсто од ноќевањата. На годишни ниво трите хотели на „Метропол“ со 366 соби имаат малку над 64.800 ноќевања што е просечна реализација  50 отсто.  При тоа лани компанијата изгубила 13,5 отсто од приходите, а ноќевањата на странските туристи се намалени за 20 отсто.

Охридските хотели „Метропол“, „Белви“ и „Турист“ лани за четири месеци работење (јуни, јули,август и септември) оствариле 45.352 ноќевања што е 70 отсто од сите ноќевања остварени во текот на целата година. Ова значи дека во останатите две третини односно осум месеци компанијата што поседува и менаџира три хотели, со вкупно 366 соби, остварила само 30 отсто од сите остварени 64.807 ноќевања лани, пишува во годишниот извештај на „Метропол“ за 2016 година. Од анализата што „Фактор“ ја направи на годишниот извештај  јасно и недвосмислено се наметнува прашањето дали менаџментот на „Метропол“ задолжително мора да ја промени стратегијата и да ја засили понудата за потенцијални клиенти во „посните месеци“ кои се двојно побројни од месеците во кои хотелите работат во полн капацитет.

„Метропол“ не таргетира домашни туристи иако губи странци

Лани „Метропол“ оствари добивка од 12,5 милиони денари што е половина од добивката што компанијата ја имала во 2015 година. Приходите од продажба лани биле 140,7 милиони денари и биле пониски за 14 отсто во однос на 2015 година. Во структурата на приходи најголема ставка се продажбата од храна кои изнесуваат 64,9 милиони денари. Втората приходна ставка од 57,1 милиони денари е од ноќевања и тие приходи се за 13 отсто пониски од лани. Во извештајот менаџментот објаснува дека намалените приходи на нивните три хотели се заради општата политичка ситуација во Европа и бегалската криза заради што и е намален бројот на странски аранжмани. Резултатите тоа го потврдуваат и од нив се гледа дека ноќевањата на странските гости се намалени за 20 отсто односно за 11.750, а ноќевањата на домашните гости се зголемени за 1,2 отсто односно за 280 ноќевања. Овие податоците покажуваат дека менаџментот на хотелите на „Метропол“ не ги таргетира домашните гости и дека не ни направил обид дефицитот на странски туристи да го замени со домашни гости. Зачудувачки е тоа што очигледно дека нив не ги плаши хотелиерската фраза која вели дека „најскап хотелски кревет е токму празниот кревет“.

Платите на вработените се најголем трошок и тоа е проблем при пад на приходите

Во структурата на расходите на „Метропол“ е видливо дека голем проблем за компанијата лани биле токму трошоците за вработените. Вкупните расходи се 126,4 милиони денари. Од нив трошоците за нето плати, за придонеси и за даноци се 43,17 милиони денари и тие се 34 отсто од сите расходи. Во споредба со 2015 година тие лани пораснале за 1,5 отсто. Во исто време приходите на компанијата паднале за 22 милиони денари што е 13,4 отсто. За храна и за пијалоци компанијата потрошила 22,3 милиони денари, за амортизација 11,7 милиони денари, а останатите расходи се 30,2 милиони денари. Трошоците за струја на трите хотели се 120.000 евра односно 7,3 милиони денари, а за нафта која се користи за загревање на хотелите изнесуваат 5,9 милиони денари односно околу 100.000 евра.

Каква е искористеноста на сместувачките капацитети?

Од јавно достапните податоци видливо дека просечната искористеност на хотелските соби во трите хотели е 50 отсто на годишно ниво. Трите хотели заедно имаат 366 соби, а лани имале 64.807 регистрирани ноќевања. Од аспект на остварените ноќевања по хотели состојбата е следна: „Метропол“ кој има 110 соби лани имал 23.274 ноќевања. Просечно на ден биле остварувани по 63 ноќевања лани што би значело дека искористеноста по соба е 57 отсто доколку се земе дека секој гостин користел ноќевање во еднокреветна соба. Кај најголемиот хотел „Белви“ кој има 170 соби, лани се регистрирани 31.002 ноќевања што значи дека просечно дневно имало 85 ноќевања, а тоа е 50 отсто од расположливиот капацитет. Хотелот „Турист“ кој е најмал, но едновремено има и најниска категоризација лани имал просечна искористеност од 38 отсто односно просечно 38 отсто на дневно ниво. Хотелот што располага со 86 соби лани имал регистрирано 10.531 ноќевање.

Најголем акционер во „Метропол“ е „Фершпед“ кој поседува 73,5 отсто од акциите со право на глас. „Метропол“ има уште 530 домашни физички лица акционери кои поседуваат 18,8 отсто од акциите. Компанијата не делела дивидедна во последниве три години, а добивката по акција паѓа во континуитет од 30,8 денари во 2014 година, на 25,6 денари во 2015 година на 12 денари лани. Во управниот одбор се двајцата синови на Штерјо Наков кои воедно се и најголеми акционери во „Фершпед“: Драган и Сашо Накови. Драган Наков воедно е и претседател на управниот одбор. Зоран Михајлоски е извршен директор на компанијата.    

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите