19 Април, 2024
0.0251

Зошто некој плати 3 милиони евра за грст акции во фирма со загуба од 4 милиони евра?

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

„Коппер Инвестментс“ е домашна компанија која им акумулирана загуба од 4 милиони евра, а од извештајот на независните ревизори за лани е видливо дека за плати и надоместоци на 10 вработени исплатиле 1,24 милиони евра. Во период од 5 месеци со акции од таа фирма се свртени над 6 милиони евра за 23 отсто од акциите со право на глас. „Коппер Инвестментс“ е фирма регистрирана за рударска дејност пред неколку години, но уште не врши експоатација

„Копер инвестментс“ фирмата со акумулирана загуба од 4 милиони евра, повторно е во фокус на берзата според вредноста на реализираната трансакција. На 20 октомври пријавена е блок трансакција во вредност што надминува 3 милиони евра, поточно 184,5 милиони денари за купопродажба на 7.500 акции односно 12 отсто од сите управувачки права. Цената по акција овој пат изнесува 24.600 денари. 

Да потсетиме дека летово, календарски од јуни до август, но во период пократок од 60 дена во два наврати беа истргувани 11 отсто од акциите на таа фирма за износ од 3,2 милиони евра. Тогаш пазарната цена по акција надминуваше 29.000 денари. Како што веќе објавивме кон крајот на август, по летната трансакција беше објавено дека „Коппер инвестментс“ има нов акционер тоа е оф шор фирмата НЦГ Капитал инвестменст лимитед со седиште во оф-шор зоната Британски девствени острови. Истовремено со ова во базата на Централниот регистар на Македонија беше објавена информација за промена во упис при што нов незивршен член на Одбор на директори на „Коппер инвестментс“ стана украински државјанин Валентин Дрозденко.

Според состојбата од увид во официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност „Коппер инвестментс“ има вкупно 10 акционери, а најголеми се две странски правни лица кои поседуваат 50 отсто од акциите.. Уште 6 странски физички лица поседуваат 42 отсто од акциите, а по 4 отсто од управувачките права се во сопственост на по едно домашно физичко и правно лице. Дали идниот понеделник ќе има промена во акционерската структура останива да видиме во периодот што следи кога ќе биде порамнета оваа берзанска трансакција.

Дали некој со „значка“ треба да провери што се случува?

Прво, на 3 септември 2014 година е реализирана првата трансакција со приоритетни акции на „Коппер инвестмент“.. Издадени се во приватна понуда со одобрение од Комисијата за хартии од вредност во август 2014 година. Тогаш овие акции се истргувани за сума од 10.000 евра. На 20 октомври во блок трансакција овие акции се продадени за сума од 1 милион евра. Тие приоритетни акции сега се обични акции.

Второ, „Surrey Dynamics Limited“ беше купувач на тие приоритетни акции за 1 милион евра, а во тоа време се споменуваше и како најголем акционер на обични акции со право на глас во „Коппер Инвестмент“. Во извештајот за 2016 година на „Surrey Dynamics Limited“ документ јавно достапен на следниот линк   во британски регистар на објави, објавен на 31 октомври 2016 година, не пишува дека оваа фирма е сопственик на акции во „Коппер Инвестмент“. Во извештајот фирмата декларира дека инвестирала во 4 украински компании и тоа во една има малцински стек и таа се занимава со транспорт, а во другите три кои се за производство на бакар има мнозинска или доминантна сопственост. Повеќе за оваа фирма може да прочитате на следниот линк 

Трето, кон крајот на јуни во блок трансакција на берзата беше реализирана купопродажба на 4 отсто од акциите на „Коппер инвестмент“ за сума од над 1 милион евра, а на 10 август беше реализирана уште една трансакција при што во блок се истргуваа 6,8 отсто од акциите на истата фирма за 2 милиони евра.

Четврто, дали е можно за плати и надоместоци и други примања на 10 вработени лица  „Коппер Инвестментс“ да исплатил 1,24 милиони евра или просечно по 124.000 евра по лице? Тоа се податоци од извештајот потпишан од независните ревизори за 2016 година.

Што е важно да знаете за „Коппер инвестменст“ !?

Од податоците објавени во консолидираниот извештај на „Коппер инвестментс“, објавен и на сајтот на берзата, може да се види дека лани компанијата исплатила 78,78 милиони денари (околу 1,24 милиони евра) за плати, надоместоци и други примања. Според официјалните податоци од Централниот регистер на Македонија (ЦРМ) лани во таа компанија просечниот број на вработени изнесува 10 лица.. Од консолидираниот извештај се гледа дека лани компанијата имала оперативни трошоци во износ од 102,63 милиони денари. Од тоа најголем дел се горенаведените трошоци за плати и други надоместоци кои изнесуваат над 78 милиони денари. Загубата за ланската година изнесува 106,8 милиони денари. Со ланската загуба, од консолидираниот извештај се гледа дека вкупната загуба на компанија акумулирана до крајот на 2016 година изнесува  247,6 милиони денари и е за 171,5 милиони денари поголема од акционерскиот капитал и од премиите за акции кои изнесуваат заедно 76,5 милиони денари.

Во консолидираниот извештај пишува дека фирмата нема приходи од продажба лани и дека имаостанати приходи во износ од 1.000 денари. Од друга страна пак во единечниот извештај на ревизорите пишува дека „Коппер инвестментс“ имаат приходи од продажба во износ од 64,3 милиони денари. Во овој извештај за плати, надоместоци и други примања фирмата за своите вработени издвоила 60,45 милиони денари, а крајниот резултат е загуба во износ од 2 милиони денари. 

Во билансот на состојба пишува дека фирмата има долгорочни вложувања од речиси 500 милиони денари на крајот на 2016 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб