28 Март, 2024
0.0285

Зошто од ОН ја критикуваат Македонија за односот кон мигрантите?

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Остри критики на адреса на Македонија за третманот на мигрантите. 

Критики за властите во  Македонија за систематската политика на протерување и на затворање на мигрантите, стигнаа  денеска од високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин. 

Преставници на оваа организација веќе биле на терен во земјава. Ал Хусеин нагласи дека е загрижувачка состојбата на 180 мигранти, меѓу кои има и 80 деца, кои од март се „заглавени“ во двата транзитни центри Табановце и Винојуг кај Гевгелија по затворањето на балканската рута и не знаат што понатаму. 

„Тоа е неприфатливо, особено кога станува збор за деца“ – рече Ал Хусеин.

Бара да им се помогне на овие луѓе преку можности за вработување и едукација на децата.

Ал Хусеин вели дека има принудното враќање на мигрантите во соседните земји на Македонија. Со ова Македонија ги крши меѓународните обврски за заштита на човековите права, тврди тој. 

Генералниот секретар за човекови права на ОН, исто така, го критикуваше Скопје за неодамнешната измена на Законот за азил, која, како што рече, прави да е речиси невозможно повеќето мигранти да го легализираат својот престој, дури и кога ќе бараат азил.

Ал Хусеин потсети дека само пет од 600 апликации за статус на бегалци, колку што биле поднесени во 2015 година, биле одобрени. Воедно, ги осуди и екстремно рестриктивните можности за обединување на семејствата.


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?