Зошто оваа компанија годишно добива по 85.000 пријави за работа?
Објавено во: Финансии 20 Септември, 2017
Компанијата “Greenspire” која инсталира соларни панели е 9-та најбрзо растечка компанија според сајтот INC, и годишно добива по 85.000 пријави за работа.
Седиштето и е во Лос Анџелес, а основана е во 2012 година.
Лани компанијата заработила 41.7 милиони долари, а за три години ги зголемиле приходите за 14,429%.
Продажниот и маркетиншкиот тим сочинува 80% од компанијата, а тоа се 175 луѓе.
„Не примав плата првите четири години“ - вели основачот Дејвид Мари.
Секоја година компанијата добива по 1800 нови клиенти.
Од вработените компанијата бара посветеност, не баш 50 часа неделно, но многу енергија и труд.