29 Март, 2024
0.0283

Зошто раперите на Еминем носат дуксери со зборот „Семоќниот“?

Објавено во: Стил 12 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Можеби претходно малкумина чуле за американските рапери West Side Gun и Conway, браќата од Бафало, Њујорк, но по „бурата“ која ја предизвика Еминем со фристајл рап песната против Доналд Трамп, сите ќе ги забележат со нивните дуксери на кои е испишан зборот „Семоќниот“ на македонски јазик и кирилица.

Раперите West Side Gun и Conway се дел од продуцентската куќа Griselda Records, додека пак Shady Records која ја води Еминем стана нивни заштитник и главен издавач. Двајцата рапери беа дел од спотот на Еминен во кој го уништува Доналд Трамп со фантастични фристајл стихови против неговите налудничави политики со кои може да предизвика нуклеарен холокауст, да ги влоши меѓурасните односи во САД, како и за непомаѓањето на жртвите од ураганот кој го погоди Порто Рико.

Дуксерите и маичките со слоганот „Семоќниот“ се дел од The Almighty колекцијата која се продава преку веб шопот на Griselda на која фановите може да ја изразат својата поддршка за раперите West Side Gun и Conway. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи