25 Април, 2024
0.0266

Зошто се манипулира со информациите за јавниот долг?

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Зошто на јавноста и се сервираат дозирани информации за целосната должничка слика? Која е целта на прикриените податоци и каква е вистинската состојба со јавниот долг? Серија прашања и дилеми отвори изјавата на поранешниот гувернер Гошев, а потоа и на академикот Беџети, дека вкупниот јавен долг надминал 45 % од Бруто Домашниот Производ. Од пред една и пол година Министерството за финансии од својата официјална интернент страна ги симна податоците што на месечно ниво ја покажуваа состојбата со “Вкупниот Јавен Долг“. Тоа се различни податоци од оние што сега ги објавува, а се однесуваат само на “Долгот на Централната Влада. Во “должничката приказна“ недостасуваат податоците за долговите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и државните фирми.  Зад ова селектирано објавување на  податоците, академик Беџети препознава – политика. “Вупниот јавен долг го вклучува не само долгот на централната влада, туку и на општините, јавните претпријатија и сите останати институции и фирми во кој државата е целосен или делумен сопственик. Сметам дека објавувањето само на јавниот долг на централната влада, кој е помал од вкупниот јавен долг, е само поради политички интерес. Пред една ипол година владата почна со енормно задолжување и затоа сметам дека бројките за раст на долговите не се објавуваат консолдирано“ – вели академик Беџети за “Фактор“ А, токму меѓу податоците за “Вкупниот јавен долг“  и “Јавниот долг на Централната влада “ постои голема разлика. Според податоците – Јавниот долг на Централната влада изнесува 30,2 % од БДП , а според тврдењата на екс-гувернерот и на академик Беџети, Вкупниот јавен долг изнесува дури 46% од БДП. Раликата е очигледна. Последните расположливи податоци за Вкупниот Јавен Долг се однесуваат на 2010 та година, кога тој достигнал 35,4% а во истата година пак Долгот на Централната влада изнесувал 24,6%. Разликата укажува на тоа дека вкупниот јавен долг е за 10 тина процентни поени поголем од јавниот долг на владата. “Фактор“ ги објавува последните достапни и расположливи податоци од кои може да се воочи трендот на задолжувања и разликата  во пласираните бројки: Анализирано од аспект на позициите за оваа 2012 та, ако јавниот долг на владата изнесува 30,2% а вкупниот јавен долг 46% од БДП , тогаш јазот меѓу бројките изнесува околу 15 тина процентни поени. Казна за селективни податоци? Спред постоечката законска регулатива, Владата постапува во согласност со законите, со обврска само да ги објавува податоците за Јавниот долг на Централната Влада. “Тоа е така затоа што владата го измени Законот за јавен долг со што ја укина обврската да  го објавува вкупниот јавен долг “ – изјави за “Фактор“ поранешниот гувернер Петар Гошев. Додека во Македонија информациите се дозираат, во економиите од Европската Унија не е така, објаснува академик Беџети. “Во Европската Унија секоја единица на задолжување мора да се регистрира и да се пријави. Ова се однесува на сите државни институции и фирми во кои власта има и најмал удел“ – вели професорот. Токму поради ова, експертската јавност го отвори прашањето за кривични санкции. “Точно е дека сега владата не постапува спротивно на законите, но затоа и треба да се разгледа можноста преку кривичниот законик да се предвидат санкции за нецелосно објавување на информациите “ – вели Гошев. Во исто време, Владата ја напушти и праксата за објавување на Стратегии за управување со Јавниот долг. Последната таква стратегија се однесува на периодот од 2010 та до 2012 та година, која веќе е на истек. На официјалната интернет страна на Министерството за финасии последниот Извештај за состојбата со Јавниот долг се однесува на првиот квартал од 2010 та година. Д.А.  

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија