29 Март, 2024
0.0245

Зошто се значајни задругите и кооперативите за Македонија?

Објавено во: Колумни 28 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Досегашниот развој и светското искуство покажаа дека  ситните приватни земјоделски стопанства се економични само до извесен степен за сметка на големата трудоинтензивност. Се покажува дека маломерно и ниско стоково стопанство неможе да биде конкурентно способно и да ги применува соодветно научно – техничките достигнувања во земјоделството. Светското искуство, исто така, покажа дека во сите случаи при таков систем на земјоделство започнува окрупнување со распаѓање и исчезнување на поголем број ситни земјоделски стопанства и создавање на рационални по големина за соодветен регион современи приватни стопанства. Меѓутоа познато е и тоа дека тој пат е долг и тежок, и се одвива воглавно преку купување на земјата од стопаните на ситните и неконкурентни стопанства. Главните недостатоци на овој пат на окрупнување се: дека е долготраен процес, во наши услови може да трае педесетина и повеќе години, а потоа во купување на земја треба да се вложат големи финансиски средства кои ќе ја ограничат развојната можност и нема да придонесат за подобрување на профитабилноста на кус рок. Постои и друг начин на формирање на оптимално големи стопанства преку закуп, како што покажува искуството на некои земји (Холандија, Германија, Франција), а се користи и во наши услови, меѓутоа определени експерти го оценуваат овој систем како неповолен, заради раскинување на врската меѓу сопственикот на земјата и стопанисувањето со неа. Без оглед на погоре елаборираните проблеми, сметаме дека за наши услови е јасна неодржливоста на стопанства со ситен посед, и единствен рационален пат за ефектиуирање  на земјишнот посед е преку задругите создадени како реална можност за обединување во моќна сила на крупно стопанство со колективно стопанисување.  Сепак, не е јасно, зошто во Македонија и по дваесет годишна  пазарна економија, задругарството не наоѓа соодветно место во земјоделството. Не сме сигурни во потполн одговор на ова прашање, но ќе се обидеме да предочиме зошто е потребно на македонското земјоделство развој на задруги и кооперативи Основни карактеристики на Македонското земјоделство денес      Македонското земјоделство во последните дваесет години стагнира кај важни компоненти и неможе да се пофали со развој соодветен на условите. Годишно се намалуваат по над 7500 хектари обработлива површина, кои се трајно изгубени како потенцијал за производство на храна, поради несоодветната државна политика, односно на релативно плодни површини се градат стопански и стамбени  објекти, инфраструкутура и други. Обработливата површина по жител е 0,25 хектари, што е под просекот во Европските земји, додека пред дваесет години била 0.33 хектари. Стагнира бројот на условни грла добиток, а расте бројот на трактори со што настанува неускладен однос помеѓу производните фактори, и денес се паѓа на еден физички трактор само 7,4 хектари обработлива површина. Денес во Македонија во земјоделството делуваат 192.000 индивидуални земјоделски стопанства  и 297 земјоделски претпријатија и задруги, а на еден производен субјект се паѓа само 2,6 ха. Уситнувањето на на поседот  продолжило во изминативе дваесет години зошто во 1991 година таа големина изнесувала 4.1ха. Според пописот на земјоделството (2007 година) користените површини се наоѓаат на 678.000 одвоени делови, односно парцели. Големината (просек) на сточарските фарми е таква што не обезбедува повисока економичност, бидејќи кај краварството 70% од сопствениците располагаат со 1 до 3 крави, а во овчарството до 50 грла овци. Сериозни проблеми македонските земјоделци имаат со цените на инпутите. Имено, во последните три години 2-3 пати се зголемени цените на ѓубривата, фитозаштитните средства, горивата, амбалажата и друго, додека цените на нивните производи се зголемени само 10-15%. Цените на инпутите се влошуваат и поради тоа што во купопродажбата учествуваат по неколку посредници, а земјоделците се снабдуваат, секој поединечно, во трговијата на мало.  Покрај ниската конкурентност на земјоделските производи поради уситнетиот посед, малите количини кои ги нудат, непознавањето на маркетингот, земјоделците најдиректно ги чувствуваат несоодветните цени по кои ги купуваат репроматеријалите и ниските продажни цени по кои ги реализираат производите. Овие причини се основните мотиви поради кои, и покрај скептицизмот кон задругарството во Македонија, формирани се десетина кооперативи со релативно мал број членови (не повеќе од стотина земјоделци) кои се јавуваат на пазарот за набавка и на пазарот за продажба во име на своите кооперанти. Освен ваква форма на здружување (купопродажба), сеуште нема формирање на производни задруги со здружување на земја, здружување на капитал за побезбедни процеси и така натаму.  Причини за неразвиено задругарство и мерки на Државата Знаеме дека во регионот (Балканскиот полуостров), освен во Словенија, состојбата со задругарството сеуште не претставува фактор кој на земјоделците ќе им обезбеди профитабилен бизнис, а положбата во Македонија е најлоша.. Несомнено е дека земјоделците сеуште не ги заборавиле приказните за насилното здружување по Втората светска војна, дека најситните земјоделци се со најниско образование, дека не ја следат и не ја разбираат филозофијата на економските односи во пазарно стопанство, но и познатиот факт дека земјоделците емоционално силно се врзани за својот имот. Меѓутоа голем дел од недовербата, недоразбирањата и скептицизмот ќе беа надминати ако Државата беше свесна за својата одговорност кон земјоделците и своите можности за подршка на задругарството. Во Македонија од скоро започна подршка за формирање на кооперативи со релативно ограничени средства. А дури неодамна донесен е Закон за земјоделски задруги. Наместо тоа, Државата требаше пред дваесет години да донесе Закон, да изработи стратегија (програма) за развој на задругарството на долг период, да издвојува буџетски финансиски средства и да ги стимулира членовите на задругите, да обезбеди некои бенефиции за сите кооперативи и слично. Меѓу важните активности кои Државата може да ги обезбеди е програма за перманентна едукација на земјоделците и нејзино спроведување директно во селата низ Македонија. пензиониран професор др. Борис Анакиев 

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?