19 Април, 2024
0.0278

Зошто СЈО се премисли: Седиштето на ВМРО ДПМНЕ нема да се замрзне?

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пренесе ТВ 24.

Имено, минатата недела со поднесок до Врховниот суд СЈО го повлекло барањето за заштита на законитоста со кое бараа Врховен да ја преиспита основаноста на одлуките на Кривичниот суд со кои беше одбиено барањето на Катица Јанева за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кој и главното седиште на партијата.

Имајќи го предвид барањето на СЈО за повлекување, Врховниот суд донел одлука со која се отфрла првичното барање за замрзнување на имотот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, одлука која е објавена на сајтот на судот.

Барањето за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ беше дел од истрагата за случајот Талир за незаконското финансирање на партијата која СЈО не успеа да ја затвори, но најави дека и покрај тоа што истекол рокот за поднесување на обвиненија, истрагата за како ВМРО ДПМНЕ стекнала толкав имот ќе продолжи и понатаму.

Истрагата за предметот  „Талир“ беше отворена во мај против 11 лица, меѓу кои и екс премиерот Груевски. Постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добро познати законските ограничувања, мотивиран исклучиво од лична природа и за  зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и за обезбедување на целосна контрола над политичката партија го прекршил Законот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите