ЗОШТО СОСТОЈБАТА Е ТАКВА: Во богатите земји има се повеќе сиромашни деца
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2017
Во богатите држави секое петто дете живее во сиромаштија.
Овој податок е наведен во анализа на УНИЦЕФ. Недостигот од храна и образование е широко распространет проблем, сметаат експертите.
Во подготовката на извештајот се анализирани 41 држава со високи и средни доходи, од Европа, Источна Азија, Океанија, Северна Америка, како и од Израел, Мексико и Чиле.
Истражувањето укажува и на тенденции како намалена бременост во тинејџерска возраст и употреба на алкохол кај младите.
Јужна, Источна Европа, држави од Латинска Америка имаат највисоки нивоа на детска сиромаштија.
Најдобро живеат децата во скандинавски држави, Германија, Швајцарија, Јужна Кореја, Словенија и Холандија.
„Повисоки приходи не значат и автоматско подобрување на ситуацијата за сите деца“ - вели Сара Кук шеф во УНИЦЕФ.
Јапонија, САД и Канада се меѓу државите со најслаби социјални и даночни политики за намалување на сиромаштијата кај децата.
Eдно од осум деца во богатите земји нема сигурност при набавка на храна, а соодносот е еден наспроти три во Турција и во Мексико. Една третина од 15-годишните деца од анализата не знаат да читаа, тешко се снаоѓаат со математика и наука.