Зошто спотот за Вучиќ е забранет да се емитува?
Објавено во: Балкан 18 Март, 2017
Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) им наложи на српските медиуми во рок од 24 часа да прекинат со емитување на предизборниот спот за престедателскиот кандидат на владејачката коалиција, Александар Вучиќ во кој се извикува „Вучиќу педеру“, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.
Како што е објавено на веб-страницата на РЕМ, спотот е забранет затоа што го крши Законот за огласување според кој „огласната порака не смее да содржи изјави или визуелно претставување кое може да биде навредливо“.
Утврдено е дека шест пати се изговара навредливиот збор во спотот.