ЗОШТО ТОДОРИЌ СЕ ПЛАШИ ОД СУДЕЊЕ ВО ХРВАТСКА: На властите во родната земја им прати порака од Лондон
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2017
Основачот на Агрокор Ивица Тодориќ напишал на својот блог дека не се криел и дека во Лондон се наоѓа затоа што му е загризена елементарната правна безбедност во Хрватска.
Како што напишал, со неговата адреса, лични и контакти на неговите адвокати властите се запознаени уште пред 10 октомври, како и дека тие податоци лично ги доставил до надлежните институции и чекал да го повикаат.
„Судот, на чиј повик се одзвав со чиста совест, ги согледа сите аргументи на двете страни и одлучи дека сум слободен човек. Се радувам на судската одлука, но како одговорен човек не можам и не сакам да ја коментирам. Во Лондон сум бидејќи тешко ми се повредени правата и загрозена ми е елементарната правна безбедност и имам право да се борам против лаги и конструкции со кои сакате да ме прикажете како човек кој е во спротивност со позитивните закони на мојата држава. Тоа не е така, и јас тоа ќе го докажам“, напишал Тодориќ.
Како што рекол тој нема да дозволи со политички декрет „да се осуди без судење“ и да се замолчи бидејќи, како што оценил, неговиот говор „им смета на оние кои му ја одзеле сопственоста“.
„И тоа како ќе зборувам, бидејќи слободата на говор е едно од основните човекови права, ма колку и да му смета на некој вистината. Јавен говор е, па тој понекогаш е и критика, столб на секое демократско општество и никој нема право да го ограничува“, рекол Тодориќ.
Тодориќ вчера се јави на повикот на лондонската полиција после што е уапсен и одведен пред Вестминстерскиот суд, кој го ослободил со кауција од 100 000 фунти.
Истовремено, му е одземен пасошот, а мора да носи и безбедносна нараквица и да се јавува во полиција три пати неделно.
Следното рочиште е закажано за 10 април 2018 година.