Зошто треба да имате две кариери?
Објавено во: Финансии 29 Април, 2017
Во текст објавен на сајтот на Харвард пишува дека иако луѓето имаат повеќе интереси, сепак на крајот имаат само една кариера.
Се препорачува луѓето да развијат две кариери, и да бидат успешни со добра организација и на двете полиња.
Ако се занимавате со бизнис, финансии, маркетинг, а сте заинтересирани за рачна изработка или велосипеди, можете да развиете свој бизнис.
Обично имаме работа и хоби, но може да се случи и од хобито да почнете да заработувате.
Најдете луѓе во различни социјални кругови. На тој начин ќе имате информации за она што се случува во повеќе бранши.
Следете ги сите иновации во секторите кои ве интересираат.