Зошто Турците ја блокираа „Википедија“?
Објавено во: Балкан 29 Април, 2017
Властите во Турција утрово го блокираа пристапот до интернет-енциклопедијата „Википедија“.
Сѐ уште не е јасно зошто забраната е наметната, пренесе AФП.
„Блокирањето е на верзиите на „Википедија“ на сите можни јазици“ - изјавија од организацијата „Турција блокира“, која ги следи случувањата на веб просторот.
Дописниците на новинската агенција AФП потврдуваат дека жителите на Истанбул можат да стигнат до страниците на „Википедија“ исклучиво преку виртуелни приватни мрежи, но не и на вообичаениот начин.