24 Април, 2024
0.0256

Зошто Западот не успеа да ги „асимилира“ муслиманите?

Објавено во: Анализа 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Историјата не ги сака симетриите. И затоа, кога ќе се случат, тие оставаат впечаток.

Во 1453 година триумфалните армии на Мехмет Освојувачот го пробиваат ѕидот на Константинопол и ја претвораат Великата црква „Света Софија“ во џамија. Четири децении подоцна, во 1492, победоносните армии на шпанските католички кралеви Фердинанд и Изабела ја заземат Гранада - и за возврат ја претвораат најголемата џамија таму во црква. Така Византија и ал-Андалус, државата на Маврите на Пиринеите, паѓаат со ист симболичен гест на понижување и послушност.

Односите меѓу Европа и исламот се формираат од оваа симетрија. Се разбира, има и друго: алгебра, арапските преводи на Аристотел, зачините, трговијата, почитта и толеранцијата. Но за жал лошото се памети повеќе.

Затоа не е лесно, кога денес Европа и исламот повторно влегуваат во односи покрај огромните муслимански мигрантски маси. Нервите се истенчени, фитилот е краток и огнот може да пламне многу брзо. И можеби треба да се обидеме да се ослободиме од митовите - популистичките, но и либералните. Ќе разгледаме по еден од секоја страна.

МИТ 1: „Меркел ги доведе“.

Тоа го велат популистите од Ахен до Атина. Овој мит има суштински проблем: не одговара на вистината. Прочуените реплики и слики на германскиот канцелар се појавија дури тогаш кога миграцискиот бран веќе удри на Централна Европа. Бегалците беа по станиците на Будимпешта и Виена и сите сакаа да стигнат до Германија. Ако таа ја затвореше границата, незадоволните централноевропејци едноставно ќе беа потопени.

Подтекстот на овој мит е дека за влезот на огромните исламски маси во Европа се должи глупоста, корупцијата и предавството на европските елити. И тоа не е точно. Никој не можеше да го запре цунамито, особено откако пукна турската брана.

А утре? Пет милиони бегаат од „Боко Харам“ само во Нигерија; а тие уште не стигнале до Европа. Исламскиот свет врие и врие во револуции, немири, војни и демографски бум - и нема каде да ги пласира младинските (а претежно машки) вишоци. Нивна цел по неизбежност станува западниот општествен систем. По тој повод Мартин Ренер од „Алтернатива за Германија“ го цитира нобелистот Милтон Фридман: „Една држава може да има општествен систем. Точка. Може да има и отворени граници. Точка. Но никогаш и двете истовремено“.

Бегалскиот бран е нешто многу повеќе од грешка на уплашени елити. Таа е тектонска пукнатина; нешто како преселба на народите. И колку побрзо ја сфатиме сериозноста на ситуацијата, толку попаметно ќе дејствуваме.

Дел од проблемот се и либералните митови. Еден од нив беше формулиран од истата оваа Ангела Меркел:

МИТ 2: „Ќе се справиме“.

„Ние сме големи, богати, добри. Нема како да не се справиме“. Таму е работата дека има како. Искуството на Европа да интегрира исламските малцинства по Втората светска е најблаго речено, контроверзно.

Не дека не е искуство; често во спротивни насоки. Франција забрануваше бурки и се држеше на секуларниот карактер на државата. Германија, обратно, дозволуваше и паралелни општества и религиозни движења и озлогласениот „мулти-култи“. Неодамна Австрија го забрани финансирањето на верските институции од странство. Белгија, напротив, го дозволуваше тоа - и како што еднаш рече политикологот Херт ван Истендал, ги потчини белгиските муслимани на радикални проповедници од Арапскиот Полуостров.

И денес се испробуваат различни рецепти. Европските мислители го впрегнаа целиот свој интелектуален потенцијал, за да го решат невозможниот ребус на интеграцијата. Се контролира исповедувањето на ислам, вметнуваат агенти, рекламираат добри практики, промовираат толерантни религиозни ставови, даваат примери, создаваат филмови и се борат со „Исламска држава“.

Последното е, можеби, и најважно. „Исламска држава“ треба да биде поразена не само како армија, туку и како легенда. Ова е првото и задолжително и нема што да се правиме наудрени. Оттука натаму Европа треба да се загледа во европскиот ислам, откако ќе го раздели на две: неодамнешен и долготраен (речиси локален). Пристигнатите во последните децении муслимани треба да бидат убедени да го прифатат европскиот начин на живот, а не да градат паралелни општества. 

Истовремено, посебно внимание треба да добијат оние европски држави во кои локалниот ислам е мнозинство (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово) или релативно големо малцинство (Македонија, Бугарија, Србија), за да останат тие во пазувите на умерениот религиозен поглед. Конечно, Европа треба конечно да се разбере за единствена политика кон Турција; пристап кој немада биде миниран од посебните интереси на големите во ЕУ.

Инаку пак ќе потонеме во лошиот спомен за симетријата. А како што е познато, тој се заборава најтешко.