25 Април, 2024
0.0276

Зошто златото ќе поскапува, без разлика кој е следниот претседател на САД?

Објавено во: Анализа 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Oваа година цената на златото се радува на силно зголемување, додека на пазарот продолжуваaт претпоставките каква ќе биде стапката и точниот момент на следното зголемување на каматните стапки во САД. Со наближувањето на денот на изборите, сепак се очекува во центарот на вниманието да биде битката за претседателската функција во САД, пишува MarketWatch.

И не е важно дали кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп, или на демократите Хилари Клинтон ќе се појават како следниот претседател на САД, затоа што златото најверојатно ќе излезе како победник, коментира Џорџ Милинг-Стенли, кој е инвестициски стратег во State Street Global Advisors.

- Би очекувал одржлив раст (на цената на златото), ако Трамп биде избран, и можеби во помало времетраење, ако победничка е Клинтон, вели тој.

- Речиси нема сомневање дека евентуалната победа на Трамп би била деструктивна и во политички и на економски план, со оглед дека токму тоа го вети кандидатот, додава аналитичарот. „Би претпоставил дека цената на златото ќе се зголеми во позадина на зголемената распродажба (на благородни метали) како сигурно засолниште, во случај Трамп да победи, прогнозира тој.

Трамп вети радикални намалувања на даноците и огромен скок на трошоците за инфраструктура, со образложение дека планот ќе создаде милиони нови работни места. Клинтон повика на зголемување на даноците за богатите. Таа се прогласи и за затворање на „дупките“ во корпоративното оданочување и други реформи кои би помогнало финансирањето на нејзиниот сопствен план за инфраструктурни трошоци.

Само што цената на златото најверојатно ќе се зголемува, дури и опонентката Клинтон да победи, тврди Милинг-Стенли.

Според него златото веројатно нема да забележи толку силно поскапување при победа на Клинтон, во споредба со Трамп, но кај Клинтон како претседател се очекуваат инфлациски последици кои ќе значат и повисоки цени на благородните метали. Златото често се користи како заштита од инфлација.

- Малку детали се достапни од плановите (на Клинтон) за зголемени трошоци за инфраструктура, но тоа би можело да биде фактор за забрзување на темпото на инфлација, истакнува коментаторот.

А сепак претседателските избори најверојатно се привремено расејување.

Милинг-Стенли тврди дека каматата ќе остане во центарот на вниманието на пазарот на злато.

- Досега не сум видел убедлив доказ за било какви значителни движења во цената на златото врз основа на развојот на предизборните кампањи и очекувам тоа да продолжи, вели тој. „Промените во толкувањето на финансиските пазари дали новите коментари на Сојузниот комитет за отворените пазари треба да се сметаат како агресивни или мирољубиви, најверојатно ќе продолжат да доминираат“.

Златото „реагира многу повеќе на загриженоста околу каматните стапки отколку на претседателската политика“, што дава дополнителна нестабилност за благородните метали и финансиските пазари насекаде, коментира аналитичарот.

А предвид сегашната клима на несигурност, Милинг-Стенли не гледа голем ризик за пад на златото.

Декемвриските фјучерси на златото се тргуваа за 1262,90 долари за унца во вторникот. Скапоцениот метал поскапе за околу 19% за годината до сега, продолжувајќи да има шанси да ја прекине тригодишната серија на годишни загуби.

Штом ФЕД навистина ја крене каматата, Милинг-Стенли очекува доларот да поевтинее, а цената на златото да се зголеми, како што се случи, кога во декември 2015 година беше објавено каматно зголемување за 25 базични поени.

- Движењата на доларот во голема мера ми изгледаат како повторување на практиката „купи трач, продај вест“, која ја видовме минатиот ноември и декември, посочува инвестицискиот стратег.