19 Април, 2024
0.0271

„Ѕвони за забава“- предматурска забава во Градскиот парк

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи првата предматурска забава на отворено насловена како „Ѕвони за забава“ на која матурантите од цела Македонија ќе се забавуваат и дружат со познати водители, пејачи и диџеи, а воедно и ќе се информираат за матурската вечер.

Забавата е замислена како училиштен ден со седум часа, на кој класни водители ќе бидат Ненад и Ксенија. Предавачи по македонска забавна музика ќе бидат ексклузивците на продукцијата „Горила“ Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска, Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, часови по странска музика ќе одржат диџеите Dela и Branchez, а часот по танцување ќе го одржат предавачите од студиото за модерен танц „Бреак а лег“.

- Сметаме дека ваквиот вид забава чија целна група се матуранти и средношколци е неопходна за овој период на предматурски подготовки. Тинејџерите обожуваат да се забавуваат и квалитетно да го поминат нивното време. Освен што ќе понудиме квалитетна забава, присутните ќе ги изненадиме со многу подароци, ќе делиме ваучери за попуст, ќе ги информираме матурантите за можностите по кој пат да чекорат во нивниот живот, кога станува збор за нивното образование, информираат од организацискиот тим на „Ѕвони за забава“.

Предвидено е оваа предматурска прослава на отворено да прерасне во традиција.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година