20 Април, 2024
0.0275

Зврлевски на „обвинителна“ собраниска клупа - Се бранеше дека не прифаќал влијанија

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Јавниот обвинител Марко Зврлевски доби можност пред пратениците на Собранието на Република Македонија да ја даде својата „одбрана“ и образложи дека со негово разрешување нема да се воведат никакви реформи бидејќи одлуката би била политичка.

– Нема никаква погрешно постапување во случајот „Македонска банка“, ниту пак во „Актор“. Јавниот обвинител не побара укинување на притворот на Сеад Кочан. Како јавен обвинител на Македонија се трудев на вработените да им обезбедам нормални услови за работа. На сите обвинители им обезбедив службени мобилни телефони. Смејте се, знам дека ви е смешно, но додека јас не дојдов, Основното јавно обвинителство немаше компјутери и телефони. Јас тоа го обезбедив. Работиме преку 40.000 предмети, истакна Зврлевски.

Зврлевски посочи дека никогаш не прифаќал никакви влијание и дека не го интересира политиката бидејќи совесно и стручно ја извршувал својата должност. Посочи и дека неговите претходници биле разрешени од исти политички, а не правни причини.

– Сите тие се разрешени поради тоа дека биле наводно нестручени и неспособни. Со моето разрешување нема да почнат реформите, ниту пак да се врати правдата во судството, вели Зврлевски.

Пратениците од мнозинството сметаат дека Зврлевски ги исполнува сите законски основи за разрешување, но пратениците на опозицијата застанаа во негова одбрана.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители