24 Април, 2024
0.0247

„Алкалоид“ со 51 ново вработување и 357,3 милиони денари инвестиции во првите три месеци од 2018-та

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 1.845.629.963 денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 365.029.832 денари, бележи зголемување од околу 7%, единечната нето добивка изнесува 215.295.378 денари и истата е зголемена за 6%.

Во периодот јануари – март, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 2.458.001.587 денари, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 9%. Од вкупните консолидирани продажби,36% се остварени на домашен пазар, додека 64% се остварени на странски пазари.Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 8%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 49.862.281 денари што претставува зголемување за 2,7 пати и Унгарија со продажби од 29.834.403 денари што претставува зголемување за 10 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Полска раст од 353%, Украина раст од 123%, Косово раст од 38%, Чешка раст од 31%, Србија раст од 28% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 19%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 17%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 8% и Билкарство учествува со 4%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 414.007.823 денари бележи раст од 6%, додека нето консолидираната добивка во износ од 246.800.792 денари е зголемена за 7%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - март 2018 година изнесуваат 357.342.100 денари што е речиси трикратно зголемување во однос на истиот период од 2017 година.

Во периодот јануари - март 2018 година во Алкалоид се реализирани 51 нови вработувања во Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!