Амазон наскоро ќе започне со испорака на пратки со дронови
Објавено во: Свет 06 Јуни, 2019
Гигантот „Амазон“ планира да започне испорака со беспилотни летала за неколку месеци. Онлајн продавницата
ја информира јавноста дека за неколку
месеци ќе започнат со дронови да ги испорачуваат порачките на клинетите, пренесуваат
медиумите од регионот.
„ Работиме напорно за правење на целосно електрични дронове кои ќе можат да летаат на растојание до 24 км и да доставуваат пакети со тежина под 2.3 килограми на клиентите за помалку од 30 минути, посочи Џеф Вилке, главниот извршен директор на Amazon World Consumer Division.
Со овој нов вид на испорака компанијата очекува да го реши прашањето со услугата и истовремено брзо и ефикасно да ги доставува пакетите на клинетите.
Компанијата уверува дека работи заедно со регулаторни тела и претставници на индустријата, за да развијат систем за управување на беспилотните летала, за да се знае каде летаат машините, кој ги управува и дали одговараат на оперативните барања.
„Амазон“со години експериментира со дронови, својот прв прототип го претставија во 2013 година.