20 Април, 2024
0.0271

Австрија: Одземање на пасоши на лица со двојни државјанства, Турците први на удар

Објавено во: Свет 09 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Одлуката на австриските власти за одземање на австриското државјанство на оние кои поседуваат двојни, загрижи голем број граѓани на оваа земја, а пред се Турците. 

Во април Слободарската партија на Австријците (FPO) на властите им предаде список со имиња од илјадници граѓани со турско потекло, тврдејќи дека тие се уште се немаат откажано од турскиот пасош. На основа на списокот, властите започнаа истрага во која се бараше од лицата кои се дел од него, да докажат дека немаат двојно државјанство.

Во три случаи во Виена веќе е утврдено дека постои основа за одземање на пасошот, но и покрај жалбите, Управниот суд донесе одлука за одземање на австриското државјанство. Поради проверка на податоците од списокот, судот го зголеми и бројот на службеници, па во наредниот период се очекува да се зголеми и бројот на одземени австриски државјанства. 

На ниво на државата, моментално постојат 30 слични случаи. Според законот за државјанство, во оваа земја не е дозволено една личност да поседува два пасоши. Исклучок од ова правило има само доколку се дозволи со одлука на властите. 

Со губење на австриското државјанство, се поништуваат договорите врзани со него и тоа ретроактивно, а пред се купувањето на недвижности, како и престој во земјата и право на работа. 

Лицето кое нема австриско државјанство, ќе мора да поднесе документи за престој, а добивањето на дозвола е процес кој може да трае долго. Па така, додека лицето чека да се реши неговиот статус, може лесно да го изгуби работното место. 


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп