29 Март, 2024
0.0266

ДЕЛОВНИТЕ ТУРИСТИ СЕ ВРАЌААТ – како да се зголеми бројот на ноќевања останува предизвик

Објавено во: Економија 13 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Високите сметки за електрична енергија, но и неизвесноста од постојаниот раст на цените на храната можат да бидат „кочница“ за претстојната туристичка сезона, но и покрај проблемите се очекува зголемен број посетители.

Од почетокот на годинава заводот за статистика регистрира зголемен број на туристи во земјава, при што е регистриран раст од  дури 45,9 проценти во споредба со првиот квартал претходната година. Кај ноќевањата, за периодот јануари – март 2022 година во однос на истиот период претходната година има зголемување за 41,6 отсто, а значителен раст од 67 проценти има кај странските туристи.

-  Туристи ќе имаме во текот на претстојната сезона со сигурност, но колкав ќе биде одзивот ќе видиме. Очекувано е да имаме и поголем број посетители во споредба со претходната година, но не очекувам дека ќе ги дотигнеме бројките од пред пандемијата. Растот на бројот на туристи од почетокот на годинава е очекуван, но мора да имаме предвид дека по остриот пад од пандемијата сега секое зголемување на бројот на туристи делува како големо. Позитивно е што се очекуват гости од Полска и од Холандија, а дополнително и нашите најчести посетители, туристите од соседството кои се вообичаено и најбројни во текот на целата година – вели Зоран Николовски, туризмолог.

Нашиот соговорник потенцира оти позитивен ефект врз домашниот туризам може да имаат регионалните тури, во кои се опфатени повеќе држави, и дополнува дека треба да се посвети големо внимание и на привлекување туристи од соседството.

-  Ако успееме да ги вратиме посетителите од соседството ќе имаме доста успешна година. Соседите се на некој начин традиционални, но голем дел од нив доаѓаат и со бизнис цели, или во деловна посета на земјата. Гледаме дека годинава повторно имаме раст токму на посетите од соседството. Во годините пред пандемијата, деловните посети беа доминантни, па имавме поголем број туристи во Скопје, но недостиг кај овие посети е што тие траат кратко, едно до две ноќевања. Додека во туристичките центри имаме туристи кои престојуваат подолг период, од четири ноќевања па нагоре и тие имаат поголем импакт врз економијата. Во најновите бројки се забележува дека годинава имаме раст на ноќевањата во Скопје -  потенцира Николовски.

Иако според Николовски, случувањата во Украина не се голема и директна пречка за развој на туризмот во Македонија и за привлекување гости, сепак вели дека се очекува намалување на туристите од Русија кај соседите, поради што и тие целат кон нови пазари за да привлечат поголема посетеност. Дополнително, нашиот соговорник додава дека поскапувањето на енергенсите станува сериозен предизвик за сите инволвирани во дејноста.

-  Цените за електрична енергија се значително зголемени, поради што голем дел од хотелиерите, но и угостителите се принудени да ги зголемуваат цените и тоа може да се одрази на нашето позиционирање во следниов период. Веќе се забележува раст на цените на хотелските понуди и сместувачки капацитети во соседството, а најверојатно ќе биде неизбежно и кај нас. Случувањата во економијата, поскапувањата на секое поле исто така може да влијаат негативно – посочува Николовски.

Податоците на ДЗС покажуваат оти најголем број на туристи кои ја посетиле Македонија во месец март се од Труција, а веднаш позади нив по бројноста се туристите од соседна Србија. Меѓу останатите земји од каде има најголем број туристи се и нашите соседи Грција, Косово и Албанија и Бугарија. Меѓу земјите од каде има поголем број посетители се и САД и Германија.

Најголем број од ноќевањата во земјва од почетокот на годината до крајот на март биле реализирани во Скопје, по што следуваат езерските места.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра