18 Април, 2024
0.0271

Детектор: Граѓаните на јавното здравство му даваат оценка 2,4

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните на јавното здравство му даваат оценка 2,4 и сметаат дека неговиот квалитет е на пониско ниво споредено со пред пет години (42,5%),покажа најновото истражувањето на јавно мислење на тема „Состојби на здравствениот систем“,спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која гостувааВенко Филипче – министер за здравство, Лидија Чолакова – Дервишова, лекар и Весна Алексовска од здружението за ретки болести „Живот со предизвици“.

„Има широк простор за унапредување на пристапот и квалитетот на услугите во нашиот здравствен систем, но има сегменти кои добро функционираатособено со мерките кои ги имплементиравме минатата година со кои на граѓаните им даваме врвни европски услови“,вели министерот за здравство Венко Филипче на прашањето, која оценка тој би му ја дал на нашиот здравствен систем.Според лекарката Лидија Чолакова – Дервишова „недостасуваат многу системски решенија за кои ние како здружение на приватни лекари сме отворени и сме им понудиле на сите министри за здравство во изминатиов период“ вели таа. Со неа се сложува Весна Алексовска од здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ која вели дека „капацитетот во здравството е намален. Треба да ги едуцираме лекарите, да се зголемат здравствените услуги, да сепонудат системски решенија, но треба да се гледа и на кој пациент што му треба, затоа што системските решенија не секогаш ги опфаќаат маргинализираните групи – потенцираа таа.

Анкетираните се задоволни од квалитетот на лековите што се нудат во нашите аптеки (63,1%) и сметаат дека аптеките не се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на месецот (47,4%). Во истражувањето дел од нив издвојуваат дека лековите се со достапни цени, но само доколку се на рецепт (33,2%), а дел тврдат дека лековите се прескапи (28,6%).

Министерот за здравство Венко Филипче истакнува дека „буџетот за ретки болести се зголеми за многу кратко време од 220 на 380 милиони денари. Се воведоа три нови лека минатата година, а уште два нови оваа година. Сите пациенти кои беa гранични во однос на дијагнозата и критериумите за дијагноза ги добија своите лекови“ – вели тој.

Мнозинството граѓани (65,1%) не знаат колку издвојуваат од нивните примања за здравствена заштита. Тие почесто одат на лекар во државна здравствена установа (67,6%). Според истражувањето повеќето испитаници сметаат дека здравственото осигурување треба да биде задолжително како и досега (49,0%), иако значителен дел од нив сметаат дека треба сами да одлучат дали ќе го плаќаат или не (34,0%).

Гостите во емисијата се на иста линија кога станува збор за реформирање на Фондот за здравство и процентот на средства издвоени за здравствено осигурување. Доктор Чолакова – Дервишова посочува дека здравството е најскапото нешто во нашата држава и затоа парите треба да го следат пациентот и неговите потреби. Таа смета дека „Македонија е зрела за промена на начинот на плаќање. Мора да има повеќе здравствени фондови со кои би имало конкурентност. Сега имаме еден фонд кој држи монопол. Кога веќе има конкуренција во мобилните оператори, зошто да нема конкуренција во здравствените фондови“.

Министерот Филипче ја потенцира интензивната соработка со Светска банка, Светската здравствена организација и Европската комисија со кои ги дискутираат реформските процеси во однос на наплатата. „Размислуваме за реформирање на фондот и начинот на кој ги наплаќа здравствените услуги. Еден од најголемите проблеми е тоа што примарното здравство се наплаќа по глава на жител, а секундарното и терцијарното здравство се одредуваат историски. Многу тешко на овој начин се контролира префрлувањето на пациентите од примарното во секундарното здравство, а со тоа и трошокот кој тие го прават“.

Алексова се надоврзува потенцирајќи дека „подобро е да се зголеми оној процент за здравствено осигурување што го уплаќаме за да има поголеми средства и повеќе услуги. Без повеќе пари не може да се обезбедат повеќе услуги, а за тоа треба сите да придонесеме, а не да ја префрлуваме вината на други“.

За актуелната тема, имунизацијата на населението најголем дел од граѓаните сметаат дека вакцинацијата треба да  е задолжителна (73,6%). 


Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Макеоднија не ги исполнува стандардите и препораките на ЕУ во однос на квалитетот на здравствениот систем (57,6%), но тие се оптимисти, и доколку станеме членка тие сметаат дека здравството ќе подобри (54,5%).

„Ќе продолжиме да инвестираме во здравствениот систем. Сериозна сума на средства досега вложивме во платите, буџетот за ретки болести, дежурствата, младите лекари. Планираме да инвестираме во медицинска опрема во новите болници во Штип, Струмица, Св. Еразмо Охрид, Ургентниот центар во Тетово, со што ќе ја доближиме здравствената услуга многу поблиску до пациентите и тие не ќе мораат да патуваат до најблискиот регионален центар или до Скопје. А воедно инвестицијата во нов клинички центар ќе биде една од најголемите капитални инвестиции воопшто во нашата земја, во вредност од 500 милиони евра. Со овие мерки верувам дека ќе ја смениме сликата за здравствениот систем во земјата и европеизацијата која ја чекаме, може да ја постигнеме со наши национални политики“ – истакнува министерот Филипче.

Истражувањето на тема „Состојби на здравствениот систем“ беше спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 10 до 13 јуни, на 1.119полнолетни испитаници на ниво на целата земја, со користење на случаен примерок, стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?