28 Март, 2024
0.0358

ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Утрово осамна уште еден ден од ноември 2020 година, 20-тиот ден од месецот. Остануваат точно  уште  456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја. Ако се вратиме во далечната 1922 година, Стопанската комора на Македонија ќе се занимаваше само со издавање на документи неопходни за трговско работење на членството и спроведување стручни испити. Но минатото да го оставиме на историјата, да живееме во сегашноста, а да размислуваме за иднината. Така размислуваа и вработените на Стопанската комора на Македонија, ги трансформираа своите умови и денес, најстарата бизнис асоцијација, функционира како современа деловно-стручна асоцијација, во која на доброволна основа членуваа над 15.000 членки и постојано развива нови услуги за потребите на своите членки. 

Затоа денес, има потпишано над 180 договори за соработка со странски стопански комори, со меѓународни институции и организации. Вклучена е во активностите на Меѓународната организација на комори (International Chamber of Commerce) при Меѓународната трговска комора. Ако еден поглед кажува цела слика, тогаш логото на Стопанската комора на Македонија кое стои во Асоцијација на европските комори (EUROCHAMBRES - Association of European Chambers of Commerce and Industry), Европска алијанса за практиканство (European Alliance for Apprenticeship), Коморскиот Инвестициски Форум на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан (Chamber Investment Forum)и Асоцијацијата на Балканските Комори (Association of Balkan Chambers) е само потврда за работата на Комората како двигател на бизнисот. И неслучајно, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, е заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум. 

Вработените во Стопанската комора на Македонија имаат визија и цел во работењето. И ако денес, бројките на заболени со КОВИД-19 вирусот треба да обесхрабрат, букетот цвеќе и благодарницата во канцеларијата на оперативната директорка Анета Трајковска, треба да ни даде еден поинаков поглед на денешниот ден. Благодарница на Стопанската комора на Македонија по повод јубилејот на специјалната болница за геријатриска медицина „13 Ноември“за хуманата поддршка од страна на Комората и нејзините членки за донацијата на медицинска заштитна опрема. 


И во вакви услови, општествената и хумана одговорност не смее да се запостави. За оперативната директорка во овие денови на пандемија, предизвик е да се мисли чекор понапред од состојбите кои тешко се предвидуваат. Комората беше меѓу првите кои воведе онлајн работење за да одговори на барањата на компаниите, членки на Комората и да се заштити здравјето на вработените. Требаше да се организира севкупното работење од дома, да се обезбеди финансиска стабилност на институцијата и соодветно да се применуваат мерките од Одлуката за превенција од ширење од КОВИД-19, а притоа да не се занемарува општествената  одговорност на Комората и нејзините членки.

Ја оставам оперативната директорка со добра мисла и се упатувам во канцеларијата на колешката Елена Штрбевска Милеска. На прашањето како се одвива работата во состојба на пандемијата и почитување на мерките со насмевка на лицето одговара: „Мора да се работи во интерес на членките за кои постоиме“ и токму во тој момент ме информира дека со Одлука на Владата е прифатена иницијативата за намалување на 33 царински стапки за производи (компоненти) потребни за производство на технолошки напредни производи, поднесена од Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странските инвеститори во рамките на Стопанската комора на Македонија, за којшто е задолжена колешката.

Продолжувам понатаму. Влегувам во канцеларијата на извршната директорка Билјана Пеева-Ѓуриќ за консултации околу активностите кои ќе следат во делот на образованието. Можам само да претпоставувам со какви предизвици се соочува во работењето во вакви услови. Колку и да звучи едноставно, иако навикнати на дејствување во кризни ситуации, креирање на еден нов систем на работење во услови на пандемија не е лесно за функционирање на една институција. Покрај брзите решенија, потребно е да се поседува иновативна стратегија во работењето насочена кон заштита на здравјето на вработените, но и остварување на целите за постоењето на Комората. Таа истакнува дека барањата на компаниите во овие услови се сè поголеми, а одговорите мора да бидат навремени: за четвртиот пакет на мерки донесени од Владата, за увоз на работна сила од  други земји, за регионалната соработка, а сè во интерес компаниите да ги одржат производството и извозот, а со тоа и работните места.

Колешката Нена Николовска, одговорна за Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите ја среќавам во ходникот на четвртиот кат. Според зборовите на колешката Нена, определена да работи од дома, работните обврски бараат почесто физичко присуство во деловниот објект на Комората,а овој период беше доста динамичен и исполнет со активности: работни средби со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, прес-конференција со Институтот за стандардизација и дебата на претседателот на Здружението, анализа за согледување на последиците од пандемијата врз градежната индустрија и давање препораки и видувања за справување со кризата, а таквиот пристап ќе продолжи и во иднина.

Во работната просторија од десната страна на крајот на ходникот од четвртиот кат, се слуша гласот на колегата Васко Ристовски. Во целава состојба тој има едно поинакво искуство во справување со предизвиците од пандемијата, а во насока на реализирање на работните обврски во Комората. „Со отпочнување на кризата и затворање на училиштата, како и донесената одредба за ослободување на родителите кои имаат деца до 10 години од работните обврски, за нас, како родители беше предизвик да ги усогласиме работните обврски со обврските кон нашето дете. Законски покриени, со можност да се работи од дома, обврските кон компаниите, кои во тој период беа како никогаш до сега и налагаа физичко присуство на работа. Од 11.3.2020 година, заклучно со 1.10.2020 година, кога училиштата започнаа со работа, секојдневно со мене на работа го носев и своето дете. Поради зголемена безбедност не користевме јавен транспорт туку одевме и се враќавме од работа пеш, затворени во канцеларија и максимално редуцирани контакти со колеги и странки. Но и по отворање на училиштата, за мене условите за работа не се подобрија, напротив, би рекол се усложнија уште повеќе. Сега сум принуден да доаѓам со него наутро, во работно време да излезам, да го однесам во училиште и да се вратам повторно на работа за да ги завршам обврските до 16 часот“. Ваквата приказна на колегата не е единствена. Вработените мораат да прават компромиси со приватниот и професионалниот  животот.


Повторно се спуштам на третиот кат и разговарам со колегата Влатко Стојановски, одговорен за Здружението за финансиски организации, кој работи комбинирано, неколку дена со физичко присуство во работните простории и од дома. Според него, иако постоечките услови го ограничија и редуцираа континуираното одвивање на активностите, сепак групациите во рамките на Здружението и Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва, виртуелно продолжуваат со своите стручни расправи за предвидените измени и дополнувања на соодветната законска и подзаконска регулатива, а дел од активностите се насочени кон организација на едукативни настани и виртуелни семинари. Едноставно, ретко кој може ја запостави примената на дигиталната технологија во вакви услови кога мораме да одржуваме физичка дистанца помеѓу нас.

П.С. Денес, кога ние секој ден се прашуваме како ќе изгледаат утрешните комуникации и во услови на пандемија продолжува редовното работење и арбитражното решавање на споровите пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

Во следното продолжение преку коментарите на вработените во Стопанската комора на Македонија ќе добиете едно поинакво видување за работењето од дома.

м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“