29 Септември, 2024
0.0334

ХАОС НА ПАЗАРОТ: СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА САМОВОЛНО ИМ ГИ РАСКИНУВА ДОГОВОРИТЕ НА ФИРМИТЕ - РКЕ се иззема: Немаме ингеренции да постапуваме

Објавено во: Економија 22 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Хаос се случува на пазарот со електрична енергија во земјава. Една фирма снабдувач со струја во земјава им ги раскинува договорите за снабдување на компаниите, и покрај тоа што тие се склучени на подолг период, на одредена цена која била договорена при склучувањето на договорите. Потоа им бара да се склучат нови договори, по која би ги снабдувале со електрична енергија по моменталните берзански цени, што е крајно неисплатливо, бидејќи тие цени секојкдневно уриваат рекорди и се екстремно високи. Компаниите не знаат што да прават и каде да се обратат за да бидат заштитени, а велат дека доколку тужат, со оглед на должината на судските процеси, прашање е дали тоа воопшто би имало некакви ефекти.

Таков голем проблем има една реномирана компанија од земјава, која на први октомври годинава склучила договор со една од фирмите за снабдување, откако претходно истекол едногодишниот договор што дотогаш го имале со претходниот снабдувач. Договорот бил склучен по цена за електричната енергија која била договорена од двете страни, и која била одредена според тогашните пазарни цени на електричната енергија, односно два пати повисока од цената која се плаќала со претходниот договор.  

А како што е познато, Европа се соочува со страшна енергетска криза, а цените постојано уруиваат рекорди, надминувајќи и 500 евра за мегаватчас. Растот на цените почна некаде пролетва оваа година, но состојбата ескалираше некаде во август, кога и се вклучи алармот на енергетскиот пазар.

„Го склучивме договорот на први октомври годинава, и тоа точно на период од една година. Но, сега, на сеуште непоминати три месеци од неговата реализација, добивме известување од фирмата сбнабдувач дека поради променети односно новонастанати околности на пазарот на струја, кои не можеле да се предвидат и се надвор од влијанието на снабдувачот, договорот мора да се раскине. Дел од нивните аргументи беа и дека во земјава е прогласена кризна енергетска состојба, а се повикуваат на ‘Правилата на снабдување со електрична енергија’, со образложение дека ‘било целосно неспроведливо да се оствари целта на договорот’. Односно, дека поради огромниот пораст на цените на пазарот, тие, доколку продолжат по договорената цена да испорачуваат струја, би имале огромни загуби“, објаснува вработен во домашната компанија на која и е раскинат договорот.

Прашањето што се поставува е – дали исто така би реагирале снабдувачитре доколку на пазарот се случуваше спротивен тренд, односно се намалуваа цените на електричната енергија. И дали снабдувачите имаат претстава дека растот на цената на струјата е комерцијален ризик што го презеле кога го склучувале договорот.

Она што е уште потрагично, е тоа што фирмата снабдувач и понудила на нашата компанија да склучат нов договор, според кој таа би ја снабдувала со струја по тековните берзански цени, плус проценката за балансирање и крос бордер трошоците.

„А, факт е дека сега берзанските цени се три пати повисоки во споредба со оние во најновиот договор што го имавме склучено, и кој сега ни го раскинуваат, што значи дека во однос на претходниот договор, би требало да ја плаќаме електричната енергија по пет пати повисоки цени. Односно, како што ќе се движи цената на струјата на берзите секој еден ден, така и нас би ни ја наплатувале струјата. Значи, не ни даваат фиксна цена, туку практично тековната берзанска цена, и како ќе се менува таа, така и ние би ја плаќале“, вели нашиот соговорник.

Фактор на оваа тема разговараше и со првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Го прашавме кај кого сега треба да се обратат фирмите за да бидат заштитени од ваквиот самоволен однос на снабдувачите.

Тој вели дека РКЕ, согласно сегашниот Закон за енергетика, нема никакви ингеренции на слободниот пазар на електрична енергија.

„Истата таа компанија им ги раскина договорите на многу од компаниите во земјава, од многу адреси имаме поплаки. Но, ние немаме ингеренции да дејствуваме. Ние единствено за ова можеме да го известиме Државниот пазарен инспекторат, кој покренува соодветна прекршочна постапка против фирмната снабдувач, но во оваа постапка таа може да биде казнета најмногу со 10.000 евра. Тоа за нив воопшто не се големи пари и тие можат без проблем да ги платат. Исто така, ги советуваме потрошувачите дека согласно Законот за облигациони односи, можат за овој раскинат договор да покренат постапка пред Основен суд 2 за обесшетување“, вели Бислимовски, иако признава дека тоа би била бавна постапка.

Решението тој го гледа единствено во измеми на Законот за енергетика, според кој на РКЕ би и се дале ингеренции за постапување во вакви случаеви, односно да ги казнува фирмите. А, сега РКЕ на слободниот пазар не може да постапува.

„Доколку нас ни се дадат ингеренции да ги казнуваме снабдувачите, и тоа здрави казни, врз основа на висината на нивниот приход, нема да се дрзнуваат вака да постапуваат“, вели Бислимовски за Фактор.

Тој открива дека токму во таа насока веќе се во тек подготовка на измени на Законот за енергетика, со кој РКЕ би би добила овие ингеренции. Потенцира и дека такви измени предлопжил токму Советот на Енергетската заедница, со кои РКЕ би добила поголеми овластувања да постапува против снабдувачите кои самоволно ги раскинуваат договорите.

Но, додека се измени законот, се поставува прашањето дали законските пречки се доволен аргумент нашите државни институции да ги остават компаниите на цедило, на милост и немилост на самоволието на снабдувачите. Нема ли некој што може да ги доведе во ред и да ги санкционира побргу за ваквиот безобразен однос, а не да ги праќа по судови, каде што не секогаш брзо се доаѓа до правдата. Проблемот е ургентен и треба да се решава сега, бидејќи ако фирмите поради огромните непланирани тѕрошоци, ќе нема ни кој да плаќа даноци од кои се финансираат институциите.

А, на пазарот со електрична енергија се случува вистинска драма. Само поради тоа што биле ставени надвор од функција две нуклеарни централи во Франција, поради сервисирање, цената веднаш скокнала на 450 евра за мегаватчас, а сега е уште повисока.

Според наши сознанија, овој ценовен удар особено големи проблеми им прави на големите компании во земјава кои се големи потрошувачи на струја, заради производниот процес. Односно, една голема домашна компанија која претходно за електрична енергија месечно плаќала меѓу 700 илјади евра и 1,5 милиони евра, сега има месечен трошок за струја од дури четири милиони евра.

„Ова што се случува е премногу страшно. Бидејќи не станува збор за пораст на цената на струјата мнеѓу 50 отсто или еве - да е и дури до 100 отсто, туку таа е зголемена за над 10 пати, и нема извесност до кога ова ќе трае“, објаснува нашиот соговорник.

Големи реакции од нашиот бизнис уште од поодамна има на фактот што цели 50 години во земјава не е изграден ниту еден позначаен енергетски капацитет, токму поради што сега мсе доведени до ваква ситуација.

Нина Нинеска-Фиданоска  

Можеби ќе ве интересира

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?