25 Април, 2024
0.0471

Ивица Дачиќ ни праќа за амбасадор контроверзен човек на УДБА?

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Српските медиуми пишуваат дека српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ,  наскоро ќе го предложи поранешниот шеф на разузнавачката служба Раде Булатовиќ, за амбасадор во Македонија.

Булатовиќ во моментов е амбасадор во Украина, каде што заминал откако претходно Турција одбила да ги прими агреманите за тој да може да биде амбасадор во Истанбул, според медиумите.

„Македонија и Македонците, тие несомнено ќе ја разберат оваа нова порака. По Горан Живаљевиќ – агентот фатен во Собранието при обидот за државен удар  минатата година – кого Белград мораше да го повлече, сега се испраќа „безбедносен офицер“ од уште повисок ранг и на повисоко место“ - пишува новинарот Мијат Лакиќевиќ за Пешќаник.

Во текстот се коментира и дека српската Влада го пречекала со молк историскиот договор меѓу Скопје и Атина.

Булатовиќ својата дипломатска кариера ја почнал во 1988 година. Бил секретар во југословенската амбасада во Рим, а потоа и конзул во Генералниот конзулат на СРЈ во Истанбул. Од ноември 2000 до март 2003 бил советник за национална безбедност на српскиот претседател Коштуница. По убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ на 12 март 2003, Булатовиќ е уапсен во полициската акција „Сабја“ осомничен за „здружување поради непријателско дејствување“. Според медиумите, тој наводно бил осомничен дека имал тајни состаноци со Душан Спасоевиќ и со Милорад Луковиќ Легија кои потоа беа осудени за атентат на Ѓинќиќ. Булатовиќ е одлободен по три месеци, обвиненијата се повлечени и доби оштета за незаконско приведување. Од 2004 до 2008 за време на владата на Коштуница е директор  на Безбедносната – информативна агенција. Неговото име се поврзуваше со мрежата на  помагачи на криењето на Ратко Младиќ, но додека беше шеф на БИА беа испорачани и најголем број на обвинети од Србија. 

Можеби ќе ве интересира

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“