16 Април, 2024
0.0280

Кој македонски „цреп“ прави милионски профити?

Објавено во: Економија 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

„Тондах“ од Виница, поранешен „Пролетер“ е успешна компанија што прави и продава ќерамиди. Во изминативе две години , 2016 и 2017, „Тондах“ има приход од речиси 20 милиони евра и добивка од 5,34 милиони евра

Најголемиот македонски производител на ќерамиди и покриви, „Тондах“ од Виница лани оствари добивка од 2,74 милиони евра односно 169,34 милиони денари, покажуваат официјалните податоци што ги објави оваа компанија на интернет страницата на македонската берза. Вкупните приходи што лани ги остварила оваа компанија изнесуваат 566,69 милиони денари односно 9,17 милиони евра. Производството на ќерамиди и покриви во „Тондах“ лани донело профит што претставува 30 отсто од вкупните приходи на компанијата!!! Во пазарни услови ова е резулатат што за многумина е само сон или мисловна именка.

Споредбата на податоците на „Тондах“ за 2017 година и за 2016 година покажуваат дека компанијата лани остварила поголем профит за 7 милиони денари односно за 4,3 отсто во услови кога вкупните приходи се намалени за 36 милиони денари односно за 6 отсто.

 Како се работело во 2016 година?

Најпознатата македонска фабрика за керамиди, која неколку години наназад, е дел од групата „Тондах“ во 2016 годинанаправи приход вреден 10 милиони евра од кои над 2,6 милиони евра се профит! ИГМ „Пролетер“ од Виница беше една од најтранспарентните аквизиции во земјава, од која вработените добро се офајдија. „Тондах“ во деведесетите години на минатиот век го купи винички „Пролетер“. Најголемата македонската индустрија за производство на керамиди и за покриви  остварила нето добивка од 162,4 милиони денари односно над 2,6 милиони евра,според податоците што ги објави компанијата на сајтот наМакедонската берза за хартии од вредност. 

Од малкуте објавени податоци е видливо дека компанијата лани имала приходи од продажба во износ од речиси 10 милиони евра односно 602,55 милиони денари.  Нејзината добивка пред оданочување изнесува 3 милиони евра, а по плаќањето на данокот нето добивката изнесува 2,6 милиони евра.

„Тондах“ е еден од најпознатите европски производители на покриви и пред десетина години ја превзеде виничката индустрија за производство на градежни материјали „Пролетер“ која е специјализирана за производство на керамиди. Оваа аквизиција на македонскиот пазар беше една од најпопуларните затоа што вработените акционери кои продаваа акции на „Тондах“ добија пристојни суми за нивните акции.

„Тондах“ на македонскиот пазар е присутен како производител на керамиди и како продавач и на своите производи.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување