19 Април, 2024
0.0309

Кој плати 1,8 милиони евра за 21 отсто од акциите во „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Градежна фирма од Липково вложи 1,8 милиони евра во акции на „Скопски пазар“ и со тоа и формално заврши ерата во која со најголемата скопска компанија за управување со зелени пазари беше под контрола на семејството Давитковски кои беа продавачи на акциите

„Скопски пазар“ по повеќе децении, пред два дена, ја прекина врската со семејството Давитковски. Во вторник на 4 август беше склучена трансакција за купопродажба на вкупно 15.601 акција со право на глас во „Скопски пазар“ кои беа сопственост на Тодорка и синот Сашо Давитковски, а беа најследство од Трајко Давитковски (нивен сопруг и татко) долгогодишен успешен директор на единствената скопска фирма за огранизирање и управување со зелени пазари во главниот град на земјава (трансформирана од општествена во приватна во процесот на транзиција на македонската економија). Мајката и синот нивниот подарок т.е. акциите ги продадоа за вкупен износ од 1,8 милиони евра, а поединечната цена за секоја акција изнесува 6.170 денари (н.з. цената по која ги продадоа акциите е за 3 пати пониска од последната пазарна цена по која таа акција беше тргувана на Официјалниот пазар на 28 октомври 2019 година).

Новиот сопственик на овие акции е градежната фирма „ЛИКО-ПРОЕКТ“ од кумановското село Липково. Сопственик на оваа градежна компанија е лицето Нуждет Рамадани. Основна дејност на новиот акционер во „Скопски пазар“ е градба на станбени и нестанбени згради. Од податоците кои за нашата редакција беа достапни, а се однесуваат на работењето на ова друштво во 2018 година може да се види дека „ЛИКО-ПРОЕКТ“ годината ја завршило со загуба од 19.000 евра, а приходите изнесувале околу 110.000 евра. Во претходната 2017 година ова друштво имало приходи кои надминуваат 650.000 евра и добивка од 50.000 евра. Сопственикот Рамадани се јавува како сопственик на уште две фирми Нутрон Пром и Рамадани Ком, а е овластено лице и на хуманитарно здружение на граѓани „САДАКАЈА“ од село Липково.

Рамадани преку неговата фирма „ЛИКО-ПРОЕКТ“ сега ќе биде партнер односно ко-сопственик на двете друштва најголеми сопственици на акции во „Скопски пазар“, а тие се прилепски „Современ дом“ кој поседува 24,8 отсто од акциите и градежната компанија ЗСФ-КОМ која контролира 22,7 отсто од акциите. Во таа компанија без право на глас се 24,8 отсто од акциите кои се во сопствен откуп на друштвото. Со новокупените акции од кои најголем дел се од Давитковски „ЛИКО-ПРОЕКТ“ сега поседува вкупно 17.532 односно 24,7 отсто од гласачките права.

Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри, а во еден дел од деловниот простор компанијата врши сопствена трговска дејност, врши и сопствена угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), а го поседува е-супермаркетот www.doma.mk.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите