29 Март, 2024
0.0252

Колкави се платите на менаџерите во „Скопски пазар„?

Објавено во: Економија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Просечната исплатена месечна бруто плата за четворицата членови на управниот одбор е 190.000 денари месечно, а просечната плата по вработен во „Скопски пазар„ (без 4 членови на УО) е 34.350 денари. За менаџерите „Скопски пазар“ лани платил бруто околу 150.000 евра. Една третина односно 50.000 евра се бруто платата на генералниот директор Сашо Давитковски кој воедно е претседател на Управниот одбор

Бруто платите на четворица менаџери во „Скопски пазар“ за 2016 година изнесуваат 9,11 милиони денари (околу 148.000 евра), покажуваат податоците од годишниот извештај на компанијата објавен на интернет страницата на „Скопски пазар„ кој ќе се најде на следното акционерско собрание закажано на 16 јуни годинава. Менаџментот на „Скопски пазар“ во целост го почитуваше Законот за трговски друштва и ги објави платите на менаџерите пооделно. Мора да се истакне дека овој потег е за поздравување затоа што ретко кое акционерско друштво иако имаат законска обврска ги објавува платите на менаџерите односно на членовите на управните одбори.

Најголема плата, очекувано, има претседателот на Управниот одбор на „Скопски пазар“ Сашо Давитковски. Лани неговата годишна бруто плата била 3,18 милиони денари (околу 50.000 евра). Бруто платата на Сашо Давитковски, кој воедно е и генерален директор, месечно е 265.000 денари во бруто износ. Неговиот брат Тошо Давитковски, директор на ИТ сектор и член на управниот одбор лани имал годишна плата од 2,175 милиони денари (околу 35.250 евра). Тоа е месечна бруто плата во износ од 181.240 денари (3.000 евра). Нивниот зет Предраг Милисављевиќ, претседател на надзорниот одбор и директор на секторот за заеднички услуги, има годишна плата од 1,92 милиони денари (31.800 евра) односно во бруто износ од 2.650 евра месечно. Четвртиот член на управниот одбор е Звонко Стојчев, директор на секторот за пазари и за недвижности. Неговата годишна плата е 1,84 милиони денари односно 30.000 евра во бруто износ за 216 година. На месечно ниво бруто платата е 153.333 денари односно околу 2.500 евра месечно.

Вкупниот фонд за бруто плати во „Скопски пазар“ лани е 153,4 милиони денари (околу 2,5 милиони евра). Во него бруто платите на четворицата членови на управниот одбор учествуваат со 9,11 милиони денари односно со 6 отсто.

Лани „Скопски пазар“ годината ја заврши со нето добивка од 2,1 милиони денари, а приходите од продажба му изнесувале 682,9 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!