29 Март, 2024
0.0250

МЕЃУНАРОДЕН МЕТАЛУРШКИ КОНГРЕС: „МЕТАЛУРГИЈАТА, МАТЕРИЈАЛИТЕ И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“ - научните достигнувања во функција на развој на металскиот сектор

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Kористењето на научни истражувања во функција на унапредување на индустријата на основни метали e основното мото на претстојниот Меѓународенконгрес на металургијата, материјалите изаштитата на животната срединаММЕ кој по осми пат се одржува во Охрид, во периодот од 30 мај до 3 јуни2018 година. За целите и очекувањата од оваа значајна научна меѓународна манифестација говореше претседателот на организациониот комитет, проф. д-р Свето Цветковски, претседател на Здружението наметалурзите на Македонија. Организатор, покрај Здружението на металурзи на Македонија е и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а истиот е поддржан и од Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.

-И годинава, истакна проф. Цветковски, се очекува учество на  еминентни автори од универзитети, истражувачки центри од голем број држави, од Австрија, Шведска, Украина, Белорусија, Турција, од земјите во регионот, како Србија, Бугарија, БиХ, Романија и други држави. Пријавени се 60 апстракти и над 30 презентации на научни трудови на голем број теми како што се: Физичка и механичка металургија, Екстрактивна металургија, Леење на метали, Корозија и заштитана метали, Заварување, Новии напредни материјали, Заштита на животната средина и други.

Оваа година се очекува учество на  значителен број претставници на компании од индустријата на метали, од Италија, Словенија, Бугарија и Турција, кои ќе имаат можност преку сопствени штандови за промоција да ги презентираат своите производи наменети на металуршкиот сектор.

За време на Конгресот се планира одржување тркалезна маса на која ќе се говори за потребата од интензивирање на соработката помеѓу факултетите и индустријата на планот на подготовка на квалитетни кадри за потребите на индустријата на метали.

На средбата со новинарите беше дадена и информација за актуелните состојби во металургијата. Иако на глобален план од крајот на минатата година започна тренд на заживување на активностите, податоците за физичкиот обем на производството кај нас бележи пад од 18% во првите три месеци од оваа година. Ова се должи на неработењето на двата најголеми металуршки капацитета – „Југохром алзар“ и „Фени индустри“. Со рестартирањето на металуршкиот комбинат „Фени индустри“ се очекува ублажување на ваквите состојби. 


Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV