29 Март, 2024
0.0240

Највисоко златно признание за Прилепска Пиварница од PepsiCo

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Прилепска Пиварница е добитник на највисокото, златно признание од годишната награда PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence. Caleb Bradham наградата се однесува на квалитетот на PepsiCo производите низ целиот свет и ги оценува врвните перформанси во однос на високиот квалитет и безбедноста на пијалоците. Златното ниво на наградата е доделено само на 18 компании во целиот свет, а Прилепска Пиварница е една од нив.

Ова е прво вакво признание за Прилепска Пиварница и е од исклучително значење за нас затоа што стандардите, коишто компанијата PepsiCo ги има поставено и коишто ние ги исполнуваме, се навистина големи, а критериумите комплексни. Наградата директно значи дека сме достигнале високи перформанси во текот на изминатата година во однос производството, квалитетот и исполнување на критериумите за безбедност на пијалаците и за дизајнот на самите производи. Овие параметри се од фундаментално значење за секој производител затоа што се однесуваат директно на потрошувачите а тоа е најважно за  PepsiCo како глобално призната компанија“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.

Во оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании од целиот свет и постојат три нивоа на награди - злато, сребро и бронза. Перформансите на компаниите полнители се проценуваат според дефинираните критериуми и се доделуваат признанија и награди соодветно на исполнетоста на бараните резултати.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија