04 Август, 2020
0.0331

Романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска приказна за хероизмот на 10-годишната Анемари за времето на холокаустот во Данска

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2020

„Приказната за Анемари, мало еврејско девојче од Данска во времето на холокаустот, која е раскажана во романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска, а воедно е само една трогателна сторија која за среќа завршува позитивно за разлика од онаа на 1.500.000 деца кои беа убиени во Втората светска војна.“ Ова го истакна Жаклина Мучева, раководител на Секторот за истражување, документирање и архивирање во Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, на вчерашното излагање на онлајн промоцијата на книгата чиј автор е Лоис Лаури. „Изброј ги ѕвездите“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија .



На промоцијата зборуваа: Мучева, уредникот на „Изброј ги ѕвездите“, Бисера Бендевска, додека младата Мартина Атанасова прочита два извадока од делото. Дејството во романот го води 10-годишната Анемари Јохансен која со своите родители и помалата сестра живее во Копенхаген во екот на Втората светска војна. „Изброј ги ѕвездите“ е роман за хероизмот на една цела држава и нејзината нација која застанува во одбрана на своите сограѓани Евреи, ковајќи план да го прошверцува преку море до Шведска целото еврејско население од Данска (речиси седум илјади луѓе). Приказната во „Изброј ги ѕвездите“ е преземена од вистински настани. Во воведот, авторката и јавно ѝ се заблагодарува на својата другарка од Данска, која ѝ ги пренела нејзините спомени од детството во Копенхаген во 1943 година и станала модел за ликот на 10-годишната Анемари Јохансен.

– Историјата и преживеаните зборуваат за ваквите спасители како во книгата „Изброј ги ѕвездите“ кои никогаш нема да бидат заборавени. „Праведници меѓу народите“ е термин што го користи државата Израел за да ги опише не-Евреите кои ги ризикувале своите животи за да спасат Евреи во холокаустот. Република Северна Македонија е една од земјите кои се запишани на списокот на праведници. Вкупно десет имиња имаат свое место на Почесниот ѕид на праведниците во меморијалниот центар во Израел – Јад Вашем – објасни Мучева.

Со цел да повлече паралела помеѓу приказната на Анемари, таа издвои и четири деца од нашата земја кои биле спасени од нееврејски семејства. Бенвенита Бехар – Тити била заштитена од соседите Александар и Блага Тодорови. Исак Адиџес со семејството пребегнал во Албанија каде биле криени од муслиманско семејство. Мати Гринберг, кој воедно бил единственото бебе кое го преживеало холокаустот во Скопје, бил згрижен од пријател на неговиот татко. Благоја Младеновски се спасил од смртта, бидејќи заедно со неговата мајка, Нета Коен, биле скриени во куќата на родителите на неговиот татко, кој бил православен Македонец, и со кој неговата мајка се венчала подоцна, во 1946 година.

Уредничката на „Изброј ги ѕвездите“ посочи дека овој роман зборува и резонира преку возраста на главниот лик, 10-годишната Анемари, што го прави толку успешен и убедлив.

– Анемари сака да биде храбра, иако не го разбира во целост значењето на тој збор, затоа што нејзините постапки ја потврдуваат токму таа карактеристика кај неа. Да се заборави на стравот во околности кои се животозагрозувачки, и уште повеќе – да се прават ризични постапки е повеќе од храбро однесување. А, Анемари го потврдува тоа со секоја своја размисла, со секој свој чин. Тоа го забележуваме и во нејзиниот однос кон помалата сестра Кирсти кон која на моменти се однесува и со мајчинска посветеност, но и кон своите родители, а тоа е посебно забележливо во сцената кога се случува кулминацијата во романот. Анемари не размислува двапати дали да ја заштити својата најдобра другарка Елен Росен, макар тоа да значи и смртна пресуда за нејзиното семејство. За нејзината храброст да добие епски димензии говори и натамошниот развој на дејството во романот. Спасувајќи ја Елен, Анемари спасува и многу други луѓе – Евреи – кои се цел на нацистите во Данска – објаснува Бендевска.

„Изброј ги ѕвездите“ веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“, да се купи онлајн преку интернет-страницата www.literatura.mk и воедно е достапна во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, секој работен ден, освен понеделник.

Можеби ќе ве интересира

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

45 години икона: Porsche 911 Turbo

45 години икона: Porsche 911 Turbo