29 Март, 2024
0.0296

САД, Русија, Албанија, Косово и други земји изразија сочувство за трагедијата која ја потресе Македонија

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Сочувство за трагедијата во Бугарија каде во автобуска несреќа загинаа 46 македонски граѓани изразија САД, Русија, ЕУ, Албанија, Косово и други земји. 

„Во име на американската амбасада сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски и наша поддршка за повредените, како и до оние кои беа скршени од тага кога дознаа за овој трагичен настан“, напиша американската амбасадорка Кејт Мери Брнс на Твитер.

Рускиот претседател Владимир Путин му прати писмо на Стево Пендаровски.

„Прифатете го моето најдлабоко сочувство во врска со смртта на граѓаните на вашата земја, вклучително и деца и младинци, предизвикана од сообраќајна несреќа во Бугарија“, напиша Путин.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, изрази сочувство за немилиот настан.

„Голема и длабока тага за трагичната загуба на животите на нашите сонародници од Северна Македонија. Во овие тешки моменти изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и властите на соседната земја, а на преживеаните им посакувам брзо и целосно закрепнување“, пишува тој. 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, испрати порака со утеха до семејствата на загинатите.

„Република Косово пред само кратко време доживеа ваква трагедија и добро знае колкава е болката, но и потребата да се реагира брзо, па ќе останеме блиску до нашите пријатели во овие тешки моменти за нив“, напиша Османи.

Телеграми испратија и од Европската комисија, од Турција, Германија, Србија, Црна Гора, Словенија, Франција, Холандија и други држави.

Меѓу загинатите има и деца. Патниците се враќале од Турција. Се истражуваат причините за несреќата. 

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор