11 Јули, 2025
0.0306

„СЕКОЈ ПОЧЕТОК Е ТЕЖОК, ОДНОВО ПОСТАВУВАШ ТЕМЕЛИ“: Мицкоски сублимираше што сработиле за една година

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2025 16:47

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски објави што сработиле за една година влада, и истакна дека поставиле нови столбови кои морале да ги засилат затоа што актуелните биле разрушени. Притоа се пофали дека покачиле плати и пензии.
Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност, вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

За една година покачивме:

Пензии и плати,

Градиме патишта,

Над 1.2 милијарди евра странски инвестиции,

Вработени 1000 полициски службеници,

За прв пат после 7 години во учебната година 2024-2025 се започна со испорачани учебници, над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок,

Обезбедени 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година.

 Одобрени 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина,

500 милиони евра за бизнисот и капитални проекти за општините,Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска... и многу други работи.

Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат.

Секогаш блиску до народот и за граѓаните. Утре се гледаме на отчетот на првата година од Владата на промени во 20:00 часот.

1 година од новиот почеток,

1 година градење темели,

1 година за тебе!

Доаѓа Времето на Македонија!

Ги градиме темелите на промените!“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

УАПСЕНИ СЕ УШТЕ ДВЕ ЛИЦА: Подметнувале пожар

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик