24 Април, 2024
0.0250

Технологијата го нагласува новиот Volkswagen Touareg – Лесно управување кое ги штити луѓето и животните кога се вози во мрак

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

  Камерата за топлинска обработка на Touareg може да открие загрозени лица и диви животни ноќе порано од било кое човечко суштество

  Функцијатата за Night Vision може да открие објекти до 130 метри во мрак, да го предупреди возачот и да го активира системот за сопирање

Иновативна карактеристика: новиот Touareg е првото возило на Volkswagen со активна управувачка задна оска

Новиот систем за управување со сите тркала го прави овој луксузен SUV компак

Новиот Touareg ќе биде пуштен на пазарот опремен со голем број иновации дизајнирани да помогнат во минимизирање на опасните ситуации. Новиот Touareg е првиот модел на Volkswagen достапен со системот Night Vision.Термичката камера (инфрацрвена камера) интегрирана на предниот дел на возилото го регистрира инфрацрвеното зрачење што доаѓа од живитеорганизми. Ако оваа камера детектира луѓе или животни, асистентот го предупредува возачот. Ова го намалува ризикот од загрозување на пешаците, особено кога станува збор за не толку добро осветлени градски улици.

Деталните карактеристиките на новиот систем вклучуваат: Инфрацрвена камера која може да регистрира објекти било тие да стојат или да се движаткако пешаци, велосипедисти и животни во опсег од 10 до 130 метри пред автомобилот. Откако тие ќе влезат во т.н. дефиниран коридорвозачот е предупреден преку екранот во дигиталниот кокпит - дигиталната инструмент табла на новиот Touareg.

Надвор од ризичниот коридор, минувачите и животните се обележани со жолто во црно-белата сликата создадена од системот за ноќна визија (Night Vision). Ако поминат низ одредени граници по должината на патот, фигурите со жолта боја стануваат црвени. Дури и ако екранот за системот за ноќна визија не е активиран, екранот автоматски се префрлува на овој режим кога ќе се открие опасност и кога брзината е поголема од 50 км / ч, па ги прикажува луѓето и животните во црвена боја.

Благодарение на новите интерактивни „IQ.Light - LED матрични фарови“, кои што се вградени во новиот Touareg, луѓето во потенцијалната опасната област накратко се осветлуваат кога се вози со брзина поголема од 60 km / h за тие дојдат уште поизразени кај возачот. Станува збор за еден вид  на предупредување без заслепување на засегнатите лица. Оваа функција исклучиво доаѓа во комбинација со системот Night Vision. Со комбинација на Night Vision и IQ.Light-LED фаровиte, опасните ситуации може да се препознаат многу порано и истите тие да бидат безбедно решени.

Иако звучи како обид да се постигне невозможното, но со новиот Touareg, Volkswagen нуди луксузен SUV на пазарот кој е агилен и лесен за ракување како компактен автомобил. Може ли тоа навистина да функционира? Секако дека може благодарение на новиот развиени систем за управување со сите тркала. И предните и задните тркала се ставаат прецизно во функција во согласност со специфичната ситуација во возењето. Ова управување со сите тркала е една од причините зошто овој SUV толку преицизно и лесно ги сече кривините во тесните градски улички и лесно се управува. Новиот систем, исто така, обезбедува дополнителна стабилност на возењето при големи брзини.

Во суштина постојат два вида на сценарио за возење, каде опционалниот систем за управување со сите тркала прави големо влијание: возење со брзина под 37 км / ч и со брзина над 37 км / ч. Маневрирањето со новиот Touareg e навистина лесно, па дури и да имаме закачено со себе приколка. Новиот систем за управување со четири тркала ни овозможува лесно маневрирање, а електрично управуваната задна оска се движи во зависност од ситуацијата и со тоа го олеснува возењето и паркирањето.

Новата функција за управување со сите тркала, заедно со воздушната суспензија, се нуди како дел од пакетот кој вклучува автоматска адаптивна суспензија, подесување на висината и електронска контрола на амортизацијата. Овој пакет ја носи агилноста на Touareg до ниво што беше практично незамисливо во овој сегмент до неодамна.





Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!