Вучиќ во Давос го покани Абазовиќ да се приклучи на Отворен Балкан
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2022
Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на Светскиот економски форум во Давос, објави Вучиќ на својот Инстаграм профил, пренесува пораталот „Н1“.
- Одлична можност да разговараме за билатерални прашања со Дритан Абазовиќ за време на Светскиот економски форум, но уште еднаш да го поканиме да ни се придружи на состанокот на иницијативата Отворен Балкан во Охрид - напиша Вучиќ. Тоа беше прва средба меѓу двајцата официјални лица откако Абазовиќ стана премиер.
Следниот состанок на регионалната економска иницијатива Отворен Балкан, чиј дел се Србија, Албанија и Македонија, ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид.
Абазовиќ на својот Твитер напиша дека Црна Гора вложува максимални напори за промовирање на политика на регионална соработка, помирување, соживот и подобра економска кохезија на Западен Балкан.
- Односите со Србија се приоритет - подготвени сме за интензивна соработка во сите области од заеднички интерес - напиша Абазовиќ по средбата со Вучиќ.
Вучиќ утрово учествуваше и на седницата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, која беше затворена за јавноста. Тој рече дека имал тешка дискусија за иднината на Западен Балкан со европските и регионалните лидери.
На седницата, покрај Вучиќ и Абазовиќ, присуствуваа и премиерот на Косово Албин Курти, претседателот на Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Европската банка за обнова и развој Олид Рено Басо, претседателот на Борге Бренда Светскиот економски Форум, потпретседателот на Европската инвестициска банка Кирјакос Микотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ.
Фото: Инстаграм