15 километарска колона кај Морача: Судир помеѓу три автомобили и камион
Објавено во: Балкан 13 Август, 2019
Утрово околу 07:00 часот, се случил судир помеѓу три автомобили и камион кај кањонот Морача, кај местото Дромира, во Црна Гора.
Поради увид на местото на несреќата се создала 15 километарска колона.
Се уште се врши увид и засега нема дополнителни информации за несреќата, повредени се две лица кои се пренесени во Ургентниот блок на Клиничкиот центар во Црна Гора, информирале полицајците кои биле на самиот настан.
Според медиумите од регионот, сударот се случил помеѓу три автомобили и еден камион, а по несреќата се создала 15 километри колона од возила.