25 Април, 2024
0.0270

150 учесници уживаа во убавините на Вевчани со Мапа на културата

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во саботата се одржа едноднeвна екскурзија со посета на селото Вевчани, како дел од активноста „Мапа на културата“, организирана од Еуролинк осигурување. Кога 150 учесници пристигнаа во селото Вевчани, ги пречекаа љубезните жители на селото, а искусниот водич им ги раскажа легендарните приказни за ова место. Недопрената природа, автентичниот амбиент, традиционалната храна, љубезноста на мештаните, сѐ беше подредено на она што значи македонско, исконско, вековно. Учесниците ја започнаа прошетката од сред село, додека водичот ја раскажуваше легендата за настанокот на селото. Легендата вели дека Вевчани е стара населба која ја основале браќата Калан и Алула. Тие биле примамени од убавината на Вевчанска река, па основале две населби, кои опстанале и до ден-денес. Мијачките корени ги направиле вевчанци вредни и вешти градители, за што потврда се старите автентични македонски куќи кои пленат со својата убавина. Прошетката продолжи кон Вевчанските извори пратена од  звукот на водата од седумте извори и приказната за надалеку познатиот Вевчански карневал, стар околу 1400 години.

Вечерта се вратија дома полни со импресии за убавината на селото Вевчани, а помислата на она што го видоа и доживеаја им намами насмевки на лицето и ги наврати во миговите на вистинските природни убавини.


Активноста „Мапа на културата“за запознавање на вистинските вредности на нашата татковина се одвива преку рамките на Платформата за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка