29 Март, 2024
0.0242

(18+) МОРБИДНА ГЛЕТКА НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРОТ: Момче обесено, девојка во локви крв во Србија

Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Трагедија ја потресе утринава Србија. Млад живот згаснал во напуштена куќа во село близу Краљево, каде утринава е најден обесен Александар Т. (26) од Краљево а покрај него во локви крв е најдена Анџела (22) од село Чукојевац исто така кај Краљево, а најверојатно се работи за убиство и самоубиство, пренесуваат српските медиуми.

-Ужасна сцена е затекната. Младо момче висеше обесено и видовме дека е мртво, а  несреќната девојка лежеше на под и даваше знаци на живот иако беше прободена со нож, изјавил пред новинарите жител на селото Печен.

Анџела С. во тешка ситуација е примена во болницата во Краљево.

- Девојчето има седум убодни рани, четири во градите, две во вратот и една во абдоменот. Стабилна е во моментот, но со оглед на сериозните повреди, прогнозата не е за пофалба, но се очекува повредената девојка да се стабилизира во наредните 24 часа, изјавил пред новинарите д-р Зоран Мрвиќ, директор на Општа болница Студеница во Краљево.

Куќата во селото Печен му припаѓала на дедото на момчето кое се обесило, а полицијата работи на утврдување на сите околности под кои ова злосторство е извршено.

-Во овој крај вакво злосторство не се памети. Се зборува дека се работи за суицидно семејство. Дедото на Александар се убил со пушка, а потоа неговиот татко се обесил во планината. Сега слична судбина го стигнала и ова момче. Тага, рекол за медиумите Зоран Петровиќ од тоа село.

Работниците кои работат во блиската млекара, која се наоѓа преку патот на куќата во која се случило злосторството, рекле за српски „Курир“ дека за овој настан дознале утринава во шест ипол, кога дошле на работа и ја виделе полицијата која вршела увид.

-Александар беше добро момче, доаѓаше повремено на имотот на дедото, и влечеше дрвја со другарите од семејната шума. Куќата била запуштена и никој не живееше таму, кратко рекол еден од работниците на оваа млекара.

Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува