25 Април, 2024
0.0280

20 исполнети желби за 20 години ФУЛМ!

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Oваа година,по повод прославата од 20 години постоење, покрај финансиската поддршка која ви ја нуди Штедилница ФУЛМ, истата ви нуди и исполнување на една ваша желба.

Водени од концептот „Побарај поддршка кога ти треба”, Штедилница ФУЛМ нуди кредитисогласно вашите желби и потреби! И уште повеќе! Со секое пополнето барање за кредит во било која филијала на ФУЛМ, напишете ја и вашата желба и очекувајте нејзино исполнување на крајот на месец мај!

Штедилница ФУЛМ, е основана пред 20 години, согласно принципите на Светскиот Совет на кредитни унии (woccu.org ) и е дел од банкарскиот и финансиски систем во СРМ. ФУЛМ како кредитна унија е непрофитна финансиски институција, управувана од своите членови, чија основна цел е да обезбеди подобри финансиски услуги и поквалитетен живот за своите членови.

Силно мотивирани од концептот на кредитните унии – „Луѓе кои помагаат на луѓе”, постојано се воведуваат нови кредитни и депозитни продукти, со единствена цел да се олесни пристапот до Финансиски Услуги за Луѓето на Македонија.

Токму во оваа роденденска  година, Штедилница ФУЛМ доби едно големо признание во својата 20 годишна работа и ја освои наградата за најголем раст од Светскиот совет на кредитни унии во конкуренција од 68.000 кредитни унии во светот.

Вашите секојдневни потреби и желби може да ги исполните со помош на ФУЛМ кредитните линии, кои може да ги користат сите лица во Македонија: вработени, невработени, студенти, пензионери и земјоделци.

ФУЛМ ви нуди кредити: - до 400.000 денари – за кредити со/без жиранти;- до 600.000 денари – за кредити со владетелски залог.

Посетете ги ФУЛМ филијалите во Скопје, Струмица, Битола, Тетово или Кавадарци:
http://www.fulm.com.mk/kontakt/

Сите детали околу кредитните линии за различни корисници погледнете ги тука:
http://www.fulm.com.mk/krediti/

Покрај финансиската поддршка во ФУЛМ добивате и бесплатни работилници и обуки, можност за вработување, како и членство на мноштво форуми за млади, форуми за амбасадори како и форуми за жени, претприемачи- лидери.

Со ФУЛМ, желбите на 20 редовни и нови кредитокорисници ќе станат реалност во Мај. Потребно е само да аплицирате за кредит и да ја напишете вашата желба.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка