23 британски дипломати мора веднаш да ја напуштат Русија
Објавено во: Свет 17 Март, 2018
23 британски дипломати беа прогласени за „персона нон грата“, од страна на Руското Министерство за надворешни работи. Овие лица треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.
Властите во Москва денеска, донесоа одлука да се затвори Генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург и да прекине функционирањето на Британскиот совет во Русија.
Претходно, британскиот амбасадор во Русија Лори Бристоу беше повикан на разговор во руското МНР, со цел да биде информиран за соодветните мерки на Русија по протерувањето на 23 руски дипломати од Велика Британија во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, за што Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења.
Освен тоа, Русија има право да преземе и други мерки против Лондон, се наведува во соопштението.