25 Април, 2024
0.0299

25 години посветеност на УСАИД за почитување на човековите права во Македонија

Објавено во: Мои пари 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Од својот почеток во 1993, УСАИД го поддржува  владеењето на правото во Македонија. Првичната поддршката беше насочена кон градење на капацитети на професионалните здруженија на правници (Здружението на судии, Адвокатската комора и Здружението на јавни обвинители), обезбедување на клиничка едукација на студентите по право и поддршка на континуирана едукација за судиите. Помеѓу 2002 и 2015, УСАИД соработуваше со судството и Министерството за правда во создавањето на законската регулатива за реформирање на судскиот систем, на зголемувањето на ефикасноста на судовите во решавањето на предметите, на автоматизирањето на судските постапки  и на професионализацијата на судскиот персонал. Во последните неколку години фокусот на поддршката на УСАИД во областа на владеењето на правото се помести на промоцијата и заштитата на човековите права. 

Во денешно време многу се зборува за човекови права, но не сите го разбираат концептот и значењето на овие права.  Човековите права  се стандарди што овозможуваат секој човек да живее достоинствено, слободно и да биде еднаков со другите. Секој поединец се стекнува со овие неотуѓиви права од раѓање. Човековите права се темелат на вредности како достоинство, правичност, еднаквост, почитување и независност. Тие не се само апстрактни концепти туку права дефинирани и заштитени со меѓународни декларации и конвенции, како и со националното законодавство во најголем број на држави во светот. Во Македонија,владеењето на правото и човековите права се темелни вредности на уставниот поредок.

Преку неколку проекти, УСАИД се вклучи во заштитата и промовирањето на уставно загарантираните човекови права во Македонија и ја поддржа имплементацијата на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација.

Во периодот од октомври 2014 до септември 2017, Проектот за правна заштита на жените работеше на заштитата на жените жртви на секаква форма на родово насилство преку следење на судски предмети, јакнење на капацитетите на судиите, предлагање на законски измени, како и обука на граѓански организацији. Преку овој проект беа набљудувани 344 судски постапки за насилство врз жени во 10 основни судови, беа обучени 20 судии за примена на меѓународните стандарди од Конвенцијата за елиминација на дискриминацијата на жените и 13 граѓански организации стекнаа знаење за користење на меѓународните механизми за заштита на правата на жените. Бесплатна правна помош беше обезбедена за 847 жени, 239 жени добија психо-социјална поддршка и беа застапувани 5 жени жртви на насилство во судски постапки.

Проектот за заштита на човековите права, кој се спроведуваше од септември 2014 до крајот на 2017, имаше за цел да придонесе во унапредувањето на заштитата на човековите права преку континуирана правна едукација на млади правници, стратешко застапување на предмети поврзани со кршење на човековите права и преку јакнење на улогата на граѓанските организации во оваа област. Преку овој проект, 42 адвокати се специјализираа за застапување на предмети поврзани со кршење на човековите права пред домашните судови и пред Европскиот суд за човекови права; 392 млади правници стекнаа знаења и практични вештини од областа на човековите права и се запознаа со механизмите за нивна заштита кои ќе можат да ги применат како идни судии, обвинители или адвокати; 355 граѓани добија бесплатна правна помош; а 15 граѓански организации се обучија да се залагаат за почитување и заштита на правата и слободите на граѓаните од страна на државните нституции.

Со застапувањето на 62 предмети на кршење на правата и слободите, Проектот за заштита на човековите права промовираше промена во однесувањето на институциите, судската пракса и законската регулатива. Меѓу најистакнатите успеси на овој проект беше укинувањето на два подзаконски акти на Министерството за труд и социјална политика со чија ретроактивна примена им беше одземена социјалната помош на повеќе од 1.300 корисници. Успешно заврши и застапувањето на предмети на припадници на Ромската заедница на кои им беше ускратена слободата на движење и оневозможено излегување од земјата заради сомневање дека ќе го злоупотребат безвизниот режим и ќе бараат азил во земјите од Шенгенската зона.

Во моментот, УСАИД има два активни проекти во областа на човековите права. Првиот има за цел да ја намали дискриминацијата на припадниците на ЛГБТИ заедницата во Македонија и да поттикне нивно рамноправно вклучување во општеството. Со овој проект за прв пат во Македонија се отвори сигурна куќа која обезбедува сместување и психо-социјална поддршка на ранливи ЛГБТИ лица кои се отфрлени и изложени на насилство во своите семејства и заедници.  Вториот проект го поддржува градењето на капацитети на државните институции и граѓанските организации за почитување и заштита на човековите права на бегалците во склад со меѓународно усвоените стандарди. 

Не е лесно да се каже која е најмеродавната оценка за успешноста на нашите проекти во оваа област. Дали е тоа бројот на успешно завршените судски постапки и добиени предмети или пак тоа е бројот на обучени правници, активисти за човекови права и граѓански организации? Несомнено сите тие се важни, но сепак можеби најдобрата оценка и награда за нашите напори се насмевките на лицата со попреченост кои за првпат го оствариле своето право на работа со помош на УСАИД, на припадниците на Ромската заедница кои повеќе не се дискриминирани при излез од државата, како и на задоволството на лицата од економски најранливи категории на граѓани кои поворно се стекнаа со правото на социјална заштита. Ова е затоа што заштитата на човековите права сепак е поврзана со многу лични приказни и човечки судбини и не може да се мери само со бројки. 

*Текстот е комерцијален и во рамките на активностите на УСАИД за одбележување на 25-годишниот јубилеј од своето работење во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка