19 Април, 2024
0.2371

27 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ РЕАГИРААТ: Владата и Премиерот да покажат зрелост за справување со критиките

Објавено во: Македонија 14 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Ние долу потпишаните граѓански организации, остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување. 

Изјавата на Премиерот, вклучително и неумесното „извинување“, освен што се навредливи и дискриминирачки, поттикнуваат хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата. Се доведува во прашање доследното спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, и се поставува прашањето дали досегашните заложби за унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални. 

Воедно, сметаме дека е крајно неприфатливо со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување. Инсистираме Владата и Премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои Владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење. 

Системот на вредности кој сакаме да го негуваме во Република Северна Македонија како идна членка на НАТО и ЕУ, во ниту еден случај не дозволува ваков дискурс кој ги доведува во прашање безбедноста на граѓаните и слободата на изразување.

1. Фондација Отворено општество – Македонија 

2. Здружение Хелсиншки комитет за човекови права 

3. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 

4. ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување 

5. Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија 

6. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје 

7. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

8. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје 

9. Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница-РОМАНО ЧАЧИПЕ (РЧП)

10. Центар за современи уметности – Скопје 

11. Рурална Коалициjа 

12. НВО Инфоцентар 

13. Здружение Национален Ромски Центар 

14. Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје 

15. Коалиција “Сите за правично судење” 

16. Здружение за унапредување на родовата еднаквост - Акција Здруженска Скопје 

17. Институт за човекови права 

18. НВО КХАМ – Делчево 

19. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените –ЕСЕ 

20. Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје 

21. Контрапункт - асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички и критички практики, Искра Гешоска, Претседателка 

22. МЕТАМОРФОЗИС – Фондација за интернет и општество 

23. Македонско здружение на млади правници 

24. ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје 

25. Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје 

26. Институт за демократија ИДСЦС 

27. Реактор – Истражување во акција

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени