30 години во друштво на добри луѓе – Сава осигурување прослави три децении постоење на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2023
На 13 септември, во винаријата Камник, Сава осигурување прослави јубилејни 30 години постоење на македонскиот пазар во друштво на нивните партнери, соработници, пријателии претставници на Сава Осигурителната Групација, како и амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер.
Во изминатите години Сава осигурувањеа.д Скопје ја зацврсти својата висока позиција меѓу компаниите од оваа индустрија, истовремено истакнувајќи ја високата свесност за корпоративна општествена и етичка одговорност.
Компанијата е посветена на придонес кон природата и добросостојбата на клиентите, а за нивните најголеми успеси велат дека се резултат на реализацијата на човечкиот потенцијал, преку градење на цврст и посветен тим.
„Денес не ги славиме само успесите кои нѐ донесоа до овој важен момент, туку и патот кој е пред нас, иднина со неограничени можности“ – истакнаа од Сава осигурување на самиот почеток на настанот, по што го прикажаа јубилејното видео.
Во официјалниот дел од прославата на присутните им се обратија Мелита Гугуловска, Генерален извршен директор на Сава осигурување, Петар Скварча, член на Управата на Сава Осигурителна Групација и Марко Јазбец, Претседател на Управниот одбор на Сава РЕ групацијата.
„Денес, Сава осигурување е претпознатлива како модерна компанија која секогаш е отворена за нови идеи и проекти, препознатлива по иновации во делот на осигурителниот бизнис, асистентски услуги и техничка станица како прва и единствена компанија на сигурителниот пазар.
Но, најголем потик сте токму вие, нашите клиенти, соработници и пријатели, секогаш покрај нас во овие изминати години, и кога редевме успеси и кога се справуваме со предизвиците, секогаш ја имавме Вашата огромна поддршка и доверба која нѐ мотивираше да одиме напред и да пораснеме во команија која е стабилна и современа“ - изјави Мелита Гугуловска, Генерален извршен директор на Сава осигурување.
„Убеден сум дека можеме да бидеме горди на тоа што Сава осигурување, односно Сава осигурителна Групација го постигна во минатиот периодна македонскиот пазар. Така што денес можеме со гордост да кажеме дека Сава осигурување е стабилно, модерно, напредно технолошко друштво кое ги задоволува потребите и очекувањата на нашите клиенти, нашите партнери. Важно е да не застанеме на тоа, туку да развиваме односи и понатаму.
Имено, позади Сава осигурување стои јака и респектабилна финансиска иснтитуција која е присутна во повеќе од 110 земји низ светот и која има разбирање за спецификите на македонскиот пазар. Заеднo со нашите македонски колеги, вклучувајќи ги и сестринските фирми Сава пензиско dруштво и Вита С, одлучни сме да направиме дополнителен чекор за да ги направиме нашите услуги уште подобри и поуспешни“ - изјави Петар Скварча, член на Управата на Сава Осигурителна Групација.
Во добра атмосфера, со добра музика и во друштво на добри луѓе, Сава осигурување одбележа значителна пресвртница во своето долгогодишно рабоење и ги прослави големите успеси кои ги постигна во изминатите 30 години, како и светлата иднина која им претстои.
Средствата
предвидени за корпоративни подароци на оваа забава Сава осигурување ги
пренамени за донација во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на Град Скопје.
ПР-објава
Фотогалерија
Можеби ќе ве интересира
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА – ДЕЛ ОД САМИТОТ ЗА СИНА ЕКОНОМИЈА

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

„МАКЕДОНИЈА2025“ И ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“ ОД САД ЌЕ ДОДЕЛАТ 40 СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

Колективна визија на македонските индустрии: 18 компании склучија партнерство за развој на кадрите

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

АНЃУШЕВ: ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАЛТА

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија
