33.487 ДЕНАРИ: Toлку се минималните трошоци на едно четиричлено семејство
Објавено во: Економија 07 Јули, 2020
Минималните трошоци во јуни на едно четиричлено семејство 33.487 денари.
Податоците кои ги објави Сојузот на синдикати за синдикалната минимална кошница покажуваат дека 42,90 проценти од синдикалната кошница се трошат за храна и пијалоци, а 31,12 проценти на трошоците за домување.
За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 14.366 денари, а за подмирување на трошоците за домаќинство 10.422 денари.
Минималните трошоци за превоз биле 2.447 денари, а за хигиена 2.330 денари. За облека и обувки биле потребни минимум 2.144, а за културни активности се одвојувале 1.066 денари.
Во споредба со април, во јуни биле потребни повеќе пари за храна и пијалaци.
Mинимално на едно семејство во април му биле потребни 33.243 денари.Од месец во месец, сумата расте.