Добивај вести на Viber
Повеќе од 50.000 луѓе од поранешна Источна Германија им служеле како заморчиња за западните фармацевтски компании, често без нивно знаење, а некои дури и ги загубиле своите животи, пишува германскиот неделник Дер Шпигел.
Вкупно биле спроведени над 600 истражувања во 50 клиники до падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, пишува неделникот повикувајќи се на дпсега необјавени документи на Министерството за здравство од Источна Германија и на Германскиот институт за лекови.
Во нив се споменати две починати лица во Источен Берлин за време на експеримент за „Trental“, производ кој треба да ја подобрува циркулацијата на крвта, на западногерманската компанија „Hoechst“ (која подоцна се спојува со Санофи), но и за уште двајца починати во близина на Магдебург, при испитување на лекови против висок крвен притисок за Сандоз, која подоцна ја купи швајцарски Новартис.
Често пациентите не биле во можност да дадат писмена согласност, како во случајот на триесет предвремено родени бебиња на кои е тестиран „EPO“ по барање на западногермански фирми во берлинската болница Милосрдие, или во случај кога на алкохоличари во делириум им бил даван Баеровиот „Nimodipine“ за подобра циркулацијата на крв во мозокот.
Лабораториите нуделе до 800 илјади германски марки (околу 400.000 евра) по испитување, открива Дер Шпигел. На барање на списанието, засегнатите компании истакнуваат дека ова се случило многу одамна и дека, во принцип, сега тестирањето на лекови се прави под многу строг протокол.
Од Сојузот на истражувачите од фармацевтската индустрија засега не гледаат причина да се сомнева дека нешто не е во спротивност со прописите, заклучува весникот.