25 Април, 2024
0.0412

5G ќе ја зголеми потрошувачката на мобилни податоци за четири пати до 2026 година

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Со масовното усвојување на 5G технологијата, глобалната потрошувачка на мобилни податоци треба да експлодира во следните години. Од просечни 9 GB месечно по лице во 2020 година, мобилниот сообраќај се очекува да се искачи на 35 GB до 2026 година.

Според најновиот извештај за мобилност на Ericsson, секој ден во светот се склопуваат околу милион нови 5G претплати. До крајот на 2021 година, границата од 500 милиони треба да биде помината. Кина, Северна Америка и Блискиот исток се најентузијастични во врска со 5G, додека Европа заостанува, поради доцното пристигнување на понудите. 5G технологијата всушност ќе стане најбрзо прифатена мобилна генерација на сите времиња. Ericsson предвидува дека до 2026 година во светот ќе бидат активнинајмалку 3,5 милијарди претплати.

Северноамериканците се очекува да трошат најмногу податоци до 2026 година, со просек од 48 GB месечно по лице. Во Западна Европа, Персискиот Залив и Индија, исто така, би требало да биде достигнат прагот од 40 GB, ниво речиси достигнато и во Кина. Изненадувачки, потрошувачката на податоци се очекува да биде најмала во Африка, во просек околу 9 GB месечно, што сепак ќе биде четири пати повеќе отколку во 2020 година.

Според извештајот на Ericsson, само видео содржините може да претставуваат 77 проценти од мобилниот сообраќај во 2026 година, за разлика од 66 проценти во 2020 година.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка