20 Април, 2024
0.0697

7 брзи трикови за полесно користење компјутер

Објавено во: Стил 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Што ако случајно затворите некој прозорец со содржината што ви треба? Како да зачувате веб-страница во ПДФ-формат? Ви споделуваме седум корисни трикови што можат многу да ви ја олеснат работата и да ве поштедат од нервози.

Случајно сте го затвориле потребниот прозорец во пребарувачот? Еве како повторно да го отворите.


Ако случајно ви се случи погоре опишаната ситуација, во оперативниот систем „Виндоус“ ќе можете повторно да го отворите навидум загубениот прозорец ако истовремено притиснете CtrlShift и T. За компјутерите со оперативен систем „Мек“ треба да ја притиснете комбинацијата CmdShift и T.

Како да ја зачувате веб-страницата во ПДФ-формат?

Во „Виндоус“ притиснете заедно Ctrl и P, па одберете Save as PDF. За „Мек“: Cmd и P, па од подменито одберете Save as a PDF.

Како да најдете книга на „Гугл“?

Во пребарувачот „Гугл“ отворете напредно пребарување и изберете го форматот на датотеката – PDFDOCRTFDjVu – па впишете го насловот на книгата.

Како пребарувачот „Гугл“ да го претворите во дигитрон?

Во пребарувачот „Гугл“ внесете формула (на пример, 100/1,25 или 18+532) и притиснете Enter

Како да зачувате страница на „Фејсбук“?

Ако сакате да зачувате страница на „Фејсбук“ за подоцнежно прегледување, изберете Save link на врвот на страницата. За да можете повторно да го видите тоа што ве интересира, во менито отворете го Saved

Како брзо да ја промените големината на фонтот во „Ворд“?

Постапката за брза промена на големината на фонтот во програмата „Ворд“ на „Виндоус“ и во панданот на „Мек“ е иста: Притиснете истовремено Shift и F3.

За што служат малите испупчувања на копчињата?

Копчињата F и J на тастатурата имаат мали испупчувања. Дали знаете за што служат? Тие се за да ни помогнат да пишуваме „на слепо“. Врз нив би требало да ги поставиме показалците од двете раце.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган