16 Април, 2024
0.0246

70.000 руски војници на границата со Украина: Светот стравува од војна, Бајден и Путин ќе разговараат

Објавено во: Свет 04 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник преку видео врска, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков за РИА Новости додаде дека „претседателите сами ќе одлучат“ колку ќе трае разговорот


Американските разузнавачи тврдат дека Русија стационирала околу 70.000 војници во близина на границата со Украина и дека планира офанзива веќе следната година, изјави претставник на администрацијата на Бајден.

Американски официјални лица и поранешни американски дипломати велат дека иако рускиот претседател јасно ги поставува темелите за можен напад, украинската војска е денес подобро вооружена и поподготвена од кога било досега.

Бајден во петокот рече дека работи на „сеопфатна иницијатива“ што треба да го отежне Путин да ја нападне Украина.

„Она на што работам сега е да формирам најсеопфатен и најзначаен збир на иницијативи за да му биде многу, многу тешко на господинот Путин да го постигне она од што луѓето се плашат“, рече Бајден.

Украинските власти соопштија дека Русија би можела да ја нападне Украина следниот месец. Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека бројот на руски војници во близина на Украина и на Крим се проценува на 94.300 и предупреди дека во јануари е можна „голема ескалација“. 

Сепак откако американските медиуми објавија дека постои опасност од потенцијален напад  набргу од Москва ги демантираа овие информации.

„Вашингтон Пост“ порано денеска повикувајќи се на официјални лица и разузнавачки документ, извести дека американските разузнавачи веруваат дека Русија потенцијално планира офанзива врз Украина, можеби веќе следната година, во која ќе бидат вклучени до 175 000 војници. Русија пак набргу ја демантираше информацијата, иницирајќи дека токму САД подготвуваат влошување на односите со Украина.

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОГАН ГО ГОЛТНА СИМБОЛОТ НА КОПЕНХАГЕН! Драма во Данска: Позната историска зграда гори, кулата се сруши (ВИДЕО)

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа