27 Септември, 2023
0.0242

80 ИЛЕГАЛНИ РУДАРИ ГИ СИЛУВАЛЕ МАНЕКЕНКИТЕ, локалните жители револтирани од постапката решиле сами да се одмаздат

Објавено во: Свет 07 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Осум жени беа силувани дури и десет пати од повеќе мажи на 28 јули на депонијата во рудникот во градот Вест Вилиџ, во Јужна Африка. Како што објавуваат медиумите деновиве, за настанот најверојатно се виновни илегалните рудари во Јужна Африка. Се смета дека тие минатата недела ги силувале 8 манекенки кои снимале спот во близина на рудник. 

Локалните жители револтирани од настанот, но и од претходни проблеми кои ги имале со илегалните работници, се собрале и во знак на одмазда, ги претепале и им ги запалиле камповите. 

Околу 80 мажи беа уапсени по силувањето на осумте жени, и по нивното претепување од страна на населението. Полицијата соопшти дека го истражува случајот.

Многу од рударите се мигранти од други африкански земји, а реакцијата ја зголеми загриженоста за ксенофобијата. 

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса го осуди насилството во петокот.

- Сите можеме да го разбереме јавниот негодување во Кагис предизвикан од групното силување на осум млади жени минатата недела и сите длабоко и искрено ја споделуваме болката на жртвите, нивните семејства и соседните заедници - додаде тој, пренесува „Мондо“.

Илјадници гневни жители на јужноафриканскиот град Кругерсдорп нападнаа група илегални рудари со мачети, голф палки и чекани. Во четвртокот, толпите ги запалија нивните кампови и ги забарикадираа патиштата со камења и запалени гуми за време на протестот против присуството на рударите, кои тие ги обвинуваат за висок криминал во областа.

Некои беа соблечени и камшикувани од жителите, додека други беа принудени да го напуштат кампот и тепани пред да бидат предадени на властите. Полицијата се држеше на дистанца и испука шок бомби од хеликоптер за да ја растера толпата.

- Сакаме поддршка од полицијата бидејќи илегалните рудари нè тероризираат. Не можеме навечер да шетаме низ населбата затоа што не силуваат - рече Нланхла Фелаци, која учествуваше на протестот.

Осум манекенки беа силувани на 28 јули кога тешко вооружени мажи нападнаа телевизиска екипа која снимаше музичко видео на депонија во рудник во блискиот град Вест Вилиџ.


Фото: Принскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Судијата во Њујорк смета дека Доналд Трамп е одговорен за измама

Судијата во Њујорк смета дека Доналд Трамп е одговорен за измама

ДОАЃА „ЕЛ ЊИЊО ЗИМА“: Ниски температури, големи количини врнежи, метеоролозите означија неколку држави како критични

ДОАЃА „ЕЛ ЊИЊО ЗИМА“: Ниски температури, големи количини врнежи, метеоролозите означија неколку држави како критични

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

(ВИДЕО) Шојгу откри кога ќе заврши војната во Украина

Koja е најдобрата земја за живеење во Европа?

Koja е најдобрата земја за живеење во Европа?

Сопственик на ресторан нуди плата од 11.000 евра, но се уште не може да најде работници

Сопственик на ресторан нуди плата од 11.000 евра, но се уште не може да најде работници

ЛОША ВЕСТ ЗА ПУТИН, НЕМА ПОКАНА ЗА САМИТОТ НА АПЕК - Руски дипломат: „демонстрација на нечесноста на американската страна“

ЛОША ВЕСТ ЗА ПУТИН, НЕМА ПОКАНА ЗА САМИТОТ НА АПЕК - Руски дипломат: „демонстрација на нечесноста на американската страна“

„ПУТИН СО ПОМОШ НА ВУЧИЌ, ПРЕКУ КОСОВО, МОЖЕ ДА ГО ВТУРНЕ БАЛКАНОТ ВО ВОЈНА“: Шокантно тврдење на „Ди Велт“

„ПУТИН СО ПОМОШ НА ВУЧИЌ, ПРЕКУ КОСОВО, МОЖЕ ДА ГО ВТУРНЕ БАЛКАНОТ ВО ВОЈНА“: Шокантно тврдење на „Ди Велт“

(ВИДЕО) Синот на Кадиров тепа човек кој го запалил Куранот

(ВИДЕО) Синот на Кадиров тепа човек кој го запалил Куранот